Author: Ivana
По силниот земјотрес со јачина од 5.3 степени што кусо пред полноќ по локално време беше регистриран во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и кај нас, дел од жителите на Лерин, ноќта ја поминаа на отворено, додека пак грчките сеизмолози оптимисти. Епицентарот беше два километри западно од Лерин, од земјотресот не се регистрирани посериозни материјални штети, ниту пак повредени граѓани, а со одлука на градоначалниците, градинките, основните и средните училишта во поширокиот регион, денеска превентивно ќе бидат затворени. Веднаш по земјотресот вонреден состанок одржа координативното тело за цивилна заштита од регионот на Лерин, а…
Папата Франциско денеска изјави дека вакцинацијата против коронавирусот е „морална обврска“ и ги осуди луѓето кои биле охрабрени од „неоснованите информации“ и одбиле една од најефикасните мерки за спасување животи. Поглаварот на Римокатоличката црква (85) употребил силни зборови повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат во говорот пред амбасадорите акредитирани во Светиот Престол, пренесува агенцијата АП. Според американската агенција, папата избегнал да зборува за вакцинацијата како „морална обврска“, иако неговото советодавно тело за Ковид-19 го нарече „морална одговорност“. Вакцинирањето го нарече чин на љубов, а однесувањето на луѓето кои одбиле да се имунизираат го нарече „самоубиствено“. Тој, исто така, истакна дека…
Од денеска во Италија важат нови ограничувања за коронавирусот поврзани со патувања. Лицата мора да докажат дека се вакцинирани или прележале Ковид-19 за да посетат хотели, конгресни центри и ресторани, како и да влезат во жичниците и локалниот и меѓуградскиот превоз. Туристите од ЕУ можат да ги користат QR-кодовите на нивните сертификати за ковид за да патуваат низ Италија. Советот на министри под премиерот Марио Драги ги одобри правилата кон крајот на минатата година. Ова ги заострува ограничувањата на секојдневниот живот, особено за невакцинираните, бидејќи негативниот тест за коронавирус веќе не е доволен за многу места. Новото правило за докажување…
Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа. И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во Шпанија, Велика Британија и Италија и на други места се повеќе се во неповолна положба бидејќи многу работници се или болни или во изолација. Велика Британија во петокот почна да распоредува воен персонал за да им помогне на болниците кои немаат доволно персонал и се под голем притисок поради големиот број пациенти. – Омикрон значи…
Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство. Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите. Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија. Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
Денеска нема да биде донесена конечна одлука дали на Ѓоковиќ ќе му се дозволи да остане во Австралија или ќе биде депортиран, објави весникот „Сиднеј морнинг хералд“. Владата имаше четири часа да реши дали ќе го задржи Ѓоковиќ во притвор, но откако тоа време истече, тој е слободен да си оди. Како што истакна новинарот на „Ејџ“, Пол Сакал, неговиот колега го дознал следново: – Новак Ѓоковиќ вечерва ќе биде слободен човек. Австралиската влада нема да донесе одлука вечерва за да го депортира. Министерот за имиграција имаше четири часа да донесе одлука за одземање на визата пред Новак да го…
Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“. Во интервју за Скај њуз, Набаро изрази стравување дека сме принудени на маратон со вирусот и оти не постои вистински начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека се гледа крајот. – Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште тешкотии, рече Набаро, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“. Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава…
Американскиот актер и комичар Боб Сагет, најпознат по улогата Дени Танер во ситкомот „Полна куќа“ (Full House), ненадејно почина на 65-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Актерот бил пронајден во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо, Флорида во неделата. Службениците од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ пристигнале по повик од персоналот на хотелот и констатирале смрт на местото на настанот. Точните детали околу неговата смрт остануваат нејасни. Сепак, во кратката изјава објавена на Твитер, канцеларијата на шерифот наведува дека детективите не пронашле траги на насилство или употреба на дрога при првичните испитувања. „Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан Боб…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се и 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, а пет за возач почетник.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста на патиштата.
Неполни два часа откако судот одлучи да ја поништи одлуката на властите да му биде укината визата на Новак Ѓоковиќ, локалните политичари повторно се закануваат, јавуаваат српските медиуми. Според австралиските медиуми кои се во контакт со таткото на Новак Срѓан, Ѓоковиќ бил уапсен веднаш откако го напуштил судот! Новинарката Ксенија Павловиќ Мекатир објави дека разговарала со Срѓан Ѓоковиќ на телефонска линија, а тој ѝ рекол дека Новак е уапсен и покрај пресудата во негова корист. Австралиските власти сакаат да го депортираат по секоја цена, смета Павловиќ Мекатир. 📢📢📢📢Just getting off the phone with @DjokerNole ‘a father. Australian government and autocrat…
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции постојано преземаат мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата и стопанството. Во наредните три месеци, главен приоритет на Владата ќе биде одговор на енергетската криза, која е резултат на глобалните движења, соопштија од вадеачата СДСМ. – Веќе тече интензивна владина подготовка на нови сетови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат силна поддршка за семејните буџети на граѓаните. Во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош и на граѓаните и на…
Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза. Сите кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани. Ова го најави грчкиот министер за здравство Танос Плеврис. Сите кои не примиле дополнителна доза вакцина против коронавирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе се сметаат за невакцинирани. „Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за…