Author: Ivana
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе се движи од 2°C до 6°C, додека пак максимална температура од 5°C до 9°C.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри утрово има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80 метри на планинскиот превој Буково, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково и Пресека. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.…
Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола, по серијата земјотреси со епицентар кај Лерин, во соседна Грција. Во текот на ноќта, во 2:32 часот, потресот беше со јачина од 3,2 степени. Вториот се случи во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер. Инаку по силниот земјотрес од синоќа, кој беше регистриран во 22:44 часот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, голем дел од граѓаните на Битола ги напуштија своите домови.
Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година. Потребна е изработка на усогласени правни процедури за примопредавање на корисничките сметки на јавните институции на социјалните медиуми како места каде се обезбедува понепосредна демократија и можност за граѓаните, организациите и компаниите, а особено малдите, да се вклучат во процесите на одлучување, покажува редовната годишна анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). Од вкупно 120 пратеници, 115 биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2021 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот…
Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка од опозициската ГЕРБ во бугарскиот парламент Екатерина Захариева го критикуваше претседателот Румен Радев поради свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Захариева за БНТ изјави дека Советодавниот совет за национална безбедност не бил свикан од претседателот две години, што, според неа, е во спротивност со законот. Захариева смета дека Радев требало да го свика Советот за најмалку четири теми – како што се кризата со Ковид, инфлацијата, кризата со цената на енергијата и конфликтите меѓу Русија, Украина и она што…
Претседателот на Бугарија Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност. Како што јави дописникот на МИА од Софија, темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. На него ќе учествуваат лидерите на сите парламентарни партии и коалиции во 47. Народно собрание на Бугарија, неговиот претседавач Никола Минчев, како и потпретседателката на државата Илијана Јотова.
Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата. Во интервју за МИА, Ковачевски вели дека подготовките за новата влада се на самиот крај, а програмата и кадровските решенија се усогласени со коалициските партнери. -Нашата цел да составиме стабилна Влада со јасни принципи на делување е исполнета. Ваквата Влада ќе значи ефикасност во работењето и стабилност во решавањето на сериозните предизвици кои ни претстојат. Во…
Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата. Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска до среда. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.
Отворање нова страница во односите со Бугарија и изградба на искрено пријателство и подобра иднина за двете земји, очекува мандатарот за состав на новата влада Димитар Ковачевски од средбата со бугарски премиер Кирил Петков, кој на 18 јануари доаѓа во посета на РС Македонија. Ковачевски во интервју за МИА вели дека очекува со Петков да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини. – Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за…
Во Хрватска од денеска стапуваат во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти. Според одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, забранети се јавни собири и настани на отворено за повеќе од 50 лица (досега беа 100), а собирите со потврди за ковид и со согласност на локалниот штаб се ограничени на 200 лица, јави Хина. Јавните собири со повеќе од 25 лица (50 досега) се забранети во затворен простор, а оние со потврда се ограничени на 100 лица.…
Судијата кој ја слушна жалбата на Новак Ѓоковиќ против одлуката на австралиската влада да и ја укине влезната виза на тениската ѕвезда денеска изрази загриженост поради третманот на Ѓоковиќ откако тој беше приведен по пристигнувањето. Судијата Ентони Кели рече дека Ѓоковиќ се чини дека го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против Ковид-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија опен и приложи докази за тоа кога слетал во средата навечер. „Поентата за која сум малку вознемирен е што можеше овој човек да направи повеќе?“, рече Кели додека адвокатите на Ѓоковиќ ја обжалија одлуката на владата за укинување…
Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан проговори за тоа дека неговиот син бил изолиран на аеродромот во Мелбурн. – Немам поим што се случува, го држат мојот син во заробеништво цели шест часа. Ова е веќе борба за нашата заедничка слобода. Не само за Новак, туку и за целиот свет! Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица – ова е борба за сите! – изјави Срѓан за српски „Спутник“. Првиот светски рекет се соочи со проблеми при слетувањето во Австралија поради наводно неправилно издадена виза. Српскиот тим погрешно ја пополнил клаузулата за вакцинација против коронавирус и медицински…