Author: Ivana

Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат им наредија на продавниците за облека да ги отстранат главите од куклите од излозите, тврдејќи дека се антиисламски. Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, изјави за ДПА дека главите „мора да се отстранат“. Сопствениците на продавници се обидоа да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го нарушуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеаја. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со директивата.…

Read More

Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина. Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра. Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон…

Read More

Постојат три видови соеви, тие што ги следиме, тие кои предизвикуваат интерес и тие кои предизвикуваат загриженост, изјави денеска експертот на Светска здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд. Тој на брифинг во Женева истакна дека од ноември внимателно го набљудува новиот сој на коронавирусот  Б.1.640.2. како неговите две подваријанти. Новиот сој Б.1.640.2 го открија научниците во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун. Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот Б.1.640.2, вклучително и негово можно ширење во другите европски…

Read More

Израелскиот министер за здравство Ницан Хоровиц денеска изјави дека истополовите парови ќе можат да имаат деца со помош на сурогат мајки во земјата и дека регулативата ќе важи од следната недела по одлуката на Врховниот суд минатата година. Во јули, судот укина дел од законот за сурогат мајчинство со кој на истополовите парови не им беше дозволено да имаат деца со помош на сурогат мајки во Израел. На овој потег му претходеше судска одлука во 2020 година дека законот што дозволува пристап до самохрани мајки, но ги исклучува истополовите двојки „несразмерно го крши правото на еднаквост и правото на родителство…

Read More

За време на новогодишната ноќ низ централните градски улици поминале околу 100.000 луѓе, а градот забележал солидна заработка, изјави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, повикувајќи се на процените на полицијата. – Наша процена е дека Белград за време на новогодишните празници го посетија околу 100.000 туристи. Ние немаме толкави сместувачки капацитети, но дел од нив престојуваа кај свои роднини и пријатели. Нашата процена е дека Белград за време на новогодишните празници заработил меѓу 90 и 100 милиони евра, а она што е интересно е дека дел од тие луѓе сѐ уште се во градот – изјави Весиќ за српските медиуми.…

Read More

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен. Србинот на Инстаграм објави дека лета за Мелбурн. Според него, тој добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари. Ѓоковиќ е актуелен и деветкратен шампион на Грен слем турнирот кој традиционално се игра во јануари секоја година.

Read More

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска кажа дека затворањето на два портала во овој град не ја одразува состојбата на слободата на медиумите во него, бидејќи самите портали донеле одлука за нивно затворање. Полицијата во Хонг Конг пред една недела упадна во просториите на продемократскиот портал Stand News и уапси седуммина вработени. Порталот тогаш објави дека се гаси. Неколку дена подоцна, порталот Sitizen njuz (Граѓански вести) ја прекина работата. -На овие медиуми ние не им направивме ништо. Властите никогаш не им се обратиле. Но, ако одлучат да престанат да работат поради нивната загриженост, тоа не е невообичаено, рече Лам…

Read More

 Активисти побараа од американската компанија Тесла да го затвори својот изложбен простор во кинескиот регион Синџијанг, кој врши драконски надзор врз муслиманското малцинство Ујгури. Се зголемува притисокот врз мултинационалните и големите корпорации да заземат став во врска со Синџијанг, Тибет, Тајван и други политички проблематични територии. Кина врши притисок врз компаниите нивните реклами и сајтови да бидат согласно нејзините ставови. Таа, исто така, ги обвини модните куќи кои изразија загриженост поради наводите дека постои принудна работа во Синџијанг. Пред неколку дена компанијата Тесла соопшти дека отворила изложбен простор во главниот град на Синџијанг, Урумчи. Активисти и странски влади тврдат дека…

Read More

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти. – Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8 проценти), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во…

Read More

Во Буџетот во 2021 година е остварена реализација на вкупните приходи за 15,3 % повеќе во споредба со 2020 година, додека кај капиталните расходи е забележан раст на реализацијата од 45,2 % во однос со 2020 година. Натфрлање на планираното е забележано кај приходите од даноци и придонеси за 2 %, додека дефицитот е реализиран во износ од 38,8 милијарди денари или 5,4 % од БДП што е понизок од проектираниот за 2021 година од 6,5 % од БДП. „Испративме година која ја завршивме со позитивни движења во економијата иако се уште беше присутно влијанието од кризата предизвикана од пандемијата…

Read More

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар Георгиевски Камиказа, преку статус призна дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14 000 евра“, тврдат од владејачкиот СДСМ. „Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа“, велат од партијата. Од СДСМ обвинуваат дека „на Арсовска и се побитни интересите на нејзините партнери отколку интересите на Скопје и неговите граѓани“. „Граѓаните на Скопје гледаат дека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Арсовска, не сработи ништо во првите два месеци од мандатот. Сведочат само на поништувања…

Read More

Се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално во болница се сместени 1.344 лица. Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14.020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8.577. Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз з дравствениот систем.…

Read More