Author: Ivana
Претседателот на францускиот Парламент, Ришар Феран е заразен со коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Парламентот во Париз. Според француските медиуми, Феран (59) денеска направил тест за коронавирус, откако синоќа почувствувал благи симптоми слични на Ковид-19. Феран, кој е целосно вакциниран против коронавирусот, отиде во самоизолација веднаш по позитивниот резултат на тестот, јави парискиот весник Фигаро. Парламентот соопшти дека Феран ќе продолжи со активности на далечина и оти побарал од потпретседателот на парламентот Давид Абиб утре да претседава со седницата на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уште еднаш му понуди азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој е во притвор во Велика Британија и наскоро треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа. – Подготвени сме да му понудиме азил на Асанж. Сметаме дека американската Влада мора да дејствува хумано. Асанж е болен и би било знак на солидарност и братство да му дозволиме да добие азил во Мексико, рече шефот на државата. Како што пренесе Бгнес, изјавата на мексиканскиот претседател доаѓа една година откако тој побара од Министерството за надворешни работи на земјата да поднесе барање и петиција…
Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи победничка низа во подготовките за настап на претстојното Европското првенство, совладувајќи го во Скопје вечерва Израел со 31:28 (14:15). Најефикасен во македонскиот состав, во првиот од двата контролни натпревари против израелската репрезентација, беше Ненад Костески со пет голови, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по гол помалку. Контролните натпревари против Израел се играат зад затворени врати, а вториот дуел е закажан за утре, исто така, во Скопје со почеток во 18 часот. Македонската репрезентација минатата недела забележа две победи над Кувајт во подготовките за настап на Европското првенство, на кое прв противник на избраниците на селекторот…
Денеска на бул. Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од СВР Скопје приведоа двајца разбојници, А.Х. (25) и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Концептот на прослава на Нова година со македонски изведувачи се покажа како успешен. Овој концепт ќе биде дел од следните новогодишни прослави, со целодневна програма и со значително помалку средства од што досега биле користени од градскиот буџет за оваа намена, реагираат од Град Скопје по обвинувањата на СДСМ дека фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад. – Како компарација ќе наведеме дека само за 2020 година биле планирани околу 140 илјади евра за настап на две групи, една од Косово и една од земјава. Претходната 2019 со…
Потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин на Фејсбук напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој пишува дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика. Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за…
Апелациониот суд донесе одлука со којашто го ослободи поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка, реагираат од банката откако во јавноста се отвори дебата како банката и дала предност на државата на дел од имотот што го даде Мијалков како гаранција и по интервјуто на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во кое тој изразува сомнеж на согласноста што ја дала банката. –По барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласи државата…
Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на вакцината на Фајзер/Бионтек 19 за итна употреба по завршувањето на примарната серија кај лица на возраст од 16 години и постари. Вакцината е одобрена и за подобни поединци на 18 години и постари кои завршиле со примарна вакцинација со различна овластена вакцина против Ковид-19. Дополнително, ФДА го измени постоечкото овластување…
Слави Трифонов, лидерот на движењето „Има таков народ“ на својот Фејсбук профил предложи САД да ги укинат визите за бугарските граѓани, а Бугарија во замена да го тргне ветото кон Северна Македонија за влез во Европска унија. „Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната“, напиша бугарскиот политичар, чија партија стана дел од владеачката коалиција. Трифонов смета дека темата за Северна Македонија е важна за сите Бугари, бидејќи, како што напиша, е дел од национална историја, а над 200 илјади бугарски загинале за слободата и обединувањето земјата.…
Цените на нафтата денеска паднаа под 78 долари на меѓународните пазари, бидејќи водечките производители се подготвуваат да ги зголемат залихите во услови на зголемена загриженост дека нова варијанта на коронавирусот може да ја намали побарувачката во новата година. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 42 центи во однос на претходното затворање, на 77,36 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 52 центи пониско, по 74,69 долари. На првиот работОрганизацијата ен ден од новата година, трговците се фокусираа на состанокот на на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на кој ќе се разговара за производната политика.…
Стапи во сила Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика, потпишан во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Согласно Договорот, поедноставени се царинските постапки поради што е и олеснет транспортот на храна. -Иницијативата „Отворен Балкан“, со кој меѓу Албанија, Србија и Република Северна Македонија во декември минатата година се потпиша и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика е веќе реалност со кој се обезбедува полесен пристап и поедноставни царински постапки, намален број на физички контроли и лабораториски испитувањеа при увоз на храна, животни, добиточна храна, растенија и други…
Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела. -Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека, „ден на неделен одмор е недела“, потсетуваат од Инспекторатот. Измените и дополнувањата на Законот за…