Author: Ivana

Поради брзото ширење на сојот омикрон, грчката влада одлучи порано да ги воведе новите коронамерки, што оригинално требаше да стапат на сила на 3 јануари. Министерот за здравство Танос Плеврис кажа дека новите рестрикции почнуваат да важат утре во шест часот. Според нив, сите места кои служат алкохол ќе работат до полноќ, а музиката ќе биде забранета. Исклучок ќе биде новогодишната ноќ, кога локалите ќе работат до два часот. Заштитна маска постојано ќе мора да се носи во јавност. „Најголем дел од новите случаи на зараза се омикрон“, изјави Плеврис. Во Грција вчера беа регистрирани над 21.600 нови случаи на…

Read More

Апелационен судија кој бил дел од трочлениот кривичен судски совет кој што по вторпат го укина притворот, вчера го прекинал боледувањето за да земе учество во работата на советот, пренесе Телма. Судијата бил и дел од советот кој минатата недела донесе иста таква одлука. Од скопска Апелација за трлрвизијата потврдија дека судијата по електронска пошта на 23-ти ноември (ден по првата одлука за укинување на притворот) го известил судот и надредените дека има висока температура и затоа матичниот лекар му отворил боледување на неопределено време. Но вчера апелациониот судија се вратил во судот и пријавил дека го прекинал боледувањето поради тоа…

Read More

Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата од каде ќе започне вакцинацијата. И самиот Коџа вчера ја прими вакцината Турковак како засилувачка доза, заедно со членовите на специјализираниот научен совет за контрола на коронавирусот. Турската вакцина Турковак доби одобрение за итна употреба минатата недела. Со воведувањето на Турковак, Турција стана деветта земја во светот…

Read More

Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје. Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух. Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно ќе биде облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени. Во наредните денови следи период на стабилно и суво време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време,…

Read More

Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири. По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски вчера врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот, му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, откако од СДСМ добил известување за предлог за мандатар, поддржано од политичките партии кои заедно имаат мнозинството во Собранието. По добивањето на мандатот Ковачевски изјави дека тоа за него преставува чест и одговорност, најавувајќи дека ќе формира „нов тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат од почетокот на следната година“. Тој посочи дека сме соочени со долгогодишни проблеми и оти затоа се потребни стабилни, храбри…

Read More

Здравствените работници ја заслужуваат најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите, порача премиерот во заминување Зоран Заев на вчерашната церемонија на доделување признанија за здравствените работници, кои работат во ковид-центрите. – Тоа се признанија што Владата ги доделува во име на народот и во име на благодарноста за тоа што вие и вашите колеги останавте до крај посветени и дадовте сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите граѓани, на вашите пациенти. Огромен товар падна на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и…

Read More

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на главна седница треба да донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На вчерашната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаа и забелешките  во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука. Новата  цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната…

Read More

Угостителските објекти, кафулињата и ноќните клубови во Грција, од утре ќе работат до полноќ, без музика, со забрането стоење и со најмногу шест лица на маса, додека пак за новогодишната ноќ, единствена разлика е продолженото работно време до два часот по полноќ, јави дописничката на МИА од Атина. Поради рекордниот број новозаразени, новите мерки соопштени минатата седмица, наместо во понеделник на 3 јануари, стапуваат во сила утре наутро, четири дена порано. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис соопшти дека угостителските објекти и сите простори за забава, ќе затвораат на полноќ, забранета ќе биде и музиката, но и стоењето, а…

Read More

Собранието на Косово со 57 гласа „за” и 17 воздржани прогласи вонредна енергетска состојба, со што ќе се олесни на Владата да донесе вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија. Со оваа одлука, ограничувањата за снабдување со електрична енергија стануваат законски. Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30. Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании, пренесува КоССЕв. Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа Комисија има задача да препорача спроведување…

Read More

Во изминатите седум дена урнати се нови рекорди во светот кога станува збор за инфекции со коронавирус, достигнувајќи над 935.000 заразени случаи дневно, објавија западните медиуми, повикувајќи се на официјални извори. Во периодот од 22 до 28 декември потврдени се 6.550.000 заразени лица или во просек 935.863 дневно. Вирусот се шири со огромна брзина, многу побрзо од претходниот рекорд забележан од 23 до 29 април, кога имаше 817.000 заразени дневно. Бројот на инфицирани во изминатата недела е за 37 отсто поголем од претходната недела, а се зголемува од средината на октомври. – Поголемата стапка на ширење веројатно е поврзана со…

Read More