Author: Ivana

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец село Гајре – Тетово, од 50 – 100 метри на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, од 100 – 150 метри на патниот правец Страцин – Куманово, од 30 – 50 метри на планинскиот превој Буково и до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска  ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Настанот најавен од претседателскиот кабинет за во 13 часот ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страната и YouTube каналот на претседателот Пендаровски. Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада. Централниот одбор на СДСМ на седницата во понеделникот официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер. Ковачевски синоќа во телевизиско гостување рече дека нема да ги…

Read More

Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против КОВИД-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 4.801 пациент.  За време на новогодишните празници според надлежните не се потребни дополнителни рестрикции. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 409 случаи на КОВИД-19 од направени 4.751 тестирања. Оздравени се 289 пациенти, а починати шест лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 218, Прилеп…

Read More

Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени. Од…

Read More

Шпанската престолнина Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Новата година, со што ќе биде единствениот голем град во Шпанија и еден од ретките во Европа што, во услови на пандемија, на овој начин ќе го прослави влегувањето во 2022 година. Ваквата одлука на Мадрид доаѓа откако Берлин, Лондон, Париз и Рим ги откажаа традиционалните свечености, потсетува Си-Ен-Ен. Организаторите во Мадрид ја ограничија прославата на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во центарот на градот на 7.000 луѓе, што е приближно 60 отсто од публиката што се очекуваше во 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19. Сепак, присутните ќе мора да носат…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, за што голем дел од вината се припишува на акумулацијата на вакцините меѓу богатите земји. Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Во околу 40 држави не с имунизирани ниту 10 отсто од населението. СЗО припиша голем дел од вината на акумулацијата на вакцини, особено меѓу неколкуте богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации. Повеќе од 8,6 милијарди дози од вакцините против Ковид-19…

Read More

Голема семејна трагедија се случи во Глинде кај Хамбург на Божиќ, кога маж убил две деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил, пренесуваат германските гласила. Медиумите јавуваат дека се работи за албанско семејство. Фламур Р. ги убил неговите две деца, а потоа си пукал во глава и починал додека неговата сопруга била во критична состојба. „Три лица од четиричлено семејство, вклучително и две момчиња на возраст од 11 и 13 години, загинаа во станбена зграда во Глинде во близина на Хамбург доцна на Божиќ“, објавија јавниот обвинител и полицијата во понеделникот во Либек. Непосредно пред тоа, очевидци слушнале истрели…

Read More

Екипите на крајбрежната стража на Турција во текот на 52 интервенции од 13 до 25 декември фатиле 991 мигрант и 10 шверцери на луѓе, и спасиле 526 мигранти кои грчките сили ги потиснале во турски води, јави Анадолија. Во соопштението на турската крајбрежна стража се вели дека тимовите посветено работат дење и ноќе за да спречат гранични премини кои не се во согласност со меѓународното право и закони. Се наведува дека дел од мигрантите поради политиката на грчките сили, стратегиите за враќање и притисоците ја смениле рутата кон Италија. Истакнато е дека на тој начин животите се дополнително загрозени, што ја зголемува загриженоста за можни нови страдања. Крајбрежната…

Read More

Индиската Влада одби да ја обнови лиценцата за странско финансирање за добротворна организација основана од Мајка Тереза, јави денеска Радио Слободна Европа. Мисионерите на милосрдието имаат илјадници калуѓерки кои ги надгледуваат проектите како што се напуштени детски домови, училишта, клиники и хосписи. На Божик индиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не ја обновило регистрацијата поради „неповолни податоци“, пишува Би-Би-Си. Тврдокорните Хиндуси  долго време ја обвинуваат добротворната организација дека ги користи своите програми за да ги насочи луѓето да преминат во христијанство. Хуманитарната организација ги негираше овие наводи. Во вчерашното соопштение, таа потврди дека нејзината апликација за обновување е одбиена…

Read More

На лет на „Делта ерлајнс“ од Тампа до Атланта, една жена нападнала постар маж, јавуваат американските медиуми. Се се случило на 23 декември, а жената наводно го удрила и плукнала 80-годишникот. За инцидентот е уапсена Патриша Корнвол (51). „Стави маска“, му викнала таа на човекот, носејќи ја и самата нејзината маска под брадата. Мажот одговорил дека не мора да носи маска бидејќи јаде, а потоа ја навредувал, по што жената го удрила и плукнала. Полицијата и ФБИ, според написите, одбилa да го потврди идентитетот на жената а не е познат ниту идентитетот на нападнатиот маж. Полициската управа на Атланта во…

Read More

Две заштитни маски или една од моделот „КН95“ ќе се признаваат во супермаркетите и јавниот транспорт во Грција од 3 јануари догодина, со воведувањето на новите рестрикции по зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус, како што најави министерот за здравство Танос Плеврис. Мерките предвидуваат и затворање на угостителските објекти на полноќ, и ограничување на бројот на посетители на фудбалските мечеви на 10 отсто од стадионот. Работата од дома ќе биде задолжителна во приватниот сектор во ситуации кога тоа е можно, а посетите во домовите за стари лица ќе бидат дозволени само на лицата кои ќе покажат негативен ПЦР тест.

Read More

Полиција на црногорскиот град Бар евакуира дел од улицата Маршал Тито во Бар поради закана од едно лице да активира експлозив, јави „Вијести“. Од Полициската управа за „Вијести“ рекле дека тоа лице во филијалата на банка претходно го залепило натписот „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“. Од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа за „Вијести“ потврдија дека биле информирани дека едно лице се заканувало дека ќе активира експлозивна направа. Човекот кој се претстави како Един Бегзиќ, претходно на медиумите им достави видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на…

Read More