Author: Ivana
Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 5 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 9 степени.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 73 санкции, 34 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 25 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, четири за користење мобилен телефон. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз денес ќе потпишат договор меѓу Северна Македонија и САД со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносни сили. Договорот произлегува од т.н Лејхи закони кои предвидуваат забрана за американскиот Стејт Департмент и Министерството за одбрана на САД да пружаат воена помош, поддршка, обука и тренинг на единици или поединци на безбедносни сили од други држави за кои има кредибилни обвинувања дека прекршиле човекови права, а притоа не се преземени чекори сторителот или сторителите да бидат кривично – правно гонети. Овој познат американски…
Втор ден бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е под 5 000. Според вчерашната ковид-статистика, од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Регистрирани се и 10 починати лица. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој…
Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. – Ми треба уште еден допис, кому да дадам мандат. Не можам да нагаѓам, морам да добијам допис од партија или партии кои треба да кажат ние имаме мнозинство и тој и тој е мандатар. Јас не можам да го дадам мандатот на СДСМ, морам да…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија. Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите по повод Божиќните празници во Ватикан, кога се слави раѓањето на Исус во Витлеем. Полноќната миса всушност започна во 19.30 часот, делумно поради издржливоста на 85-годишниот папа, а делумно како нешто што е пренесено од минатата година кога богослужбата мораше да заврши пред полицискиот час кој беше во сила низ…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук прифил објави дека ја примил третата доза од вакцината против ковид-19. – Почитувани пријатели, примив трета доза од ваксината против Ковид 19. Ги повикувам сите кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа уште утре, порача Османи.
Познатиот детски кардиохирург Владимир Чадиковски сподели важна информација поврзана со симптомите при заболување на дечињата од ковид-19 вирусот. – Во консултација со д-р Рсовац, шеф на одделот за педијатриска интензивна нега при Клиничкиот центар во Белград, сите деца од 5-18 год. со ковид-19 што биле заболени и хоспитализирани, за 6 месеци повеќе од 120 деца, започнувале со болки во абдомен. Добро инфо да се знае, споделува Чадиковски.
Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска. Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски е покровител на традиционалната манифестација. Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање говореше за критериумите и различните аспекти кои ги опкружуваат архитектите денес, соочени со предизвикот да реализираат успешно и естетско дело кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе премисата – градба по мерка на човекот.…
Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 км/ч. Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс“. Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км“. По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента…
Полицијата вчера на неколку локации во Битола откри и одзема околу илјада парчиња пиротехнички средства, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. -На 23.12.2021 во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња. Во близина на Центарот за култура во Битола од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71…
Од вечерва, првпат оваа сезона започнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“. Ноќното скијање се организира во петок и сабота, од 19 до 22 часот. Цената на билетот е 700 денари. Зимската скијачка сезона на Попова Шапка почна на 15 декември со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“, првпат во рамки на новопрогласениот Национален парк Шар Планина. На располагање на посетителите, како што велат од ски-центарот, покрај бројните сместувачки капацитети, се и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ со кои стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС“ и кои нудат бројни пакети за сместување и користење ски-билети, школата за млади скијачи, наем…