Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за најуспешно архитектонско дело во 2021 година

0
By Ivana on December 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 21:30

Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска.

Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски е покровител на традиционалната манифестација.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање говореше за критериумите и различните аспекти кои ги опкружуваат архитектите денес, соочени со предизвикот да реализираат успешно и естетско дело кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе премисата – градба по мерка на човекот.

– Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања, рече претседателот Пендаровски.

Во тој контекст претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од овозможување услови архитектурата да ја исполнува својата примарна цел и да го облагородува просторот, но и нашите животи.

– Затоа, како заедница сме обврзани да придонесеме за творечката слобода и за професионалниот интегритет на македонските архитекти, рече Пендаровски.

Честитајќи за годинашното најуспешно реализирано архитектонско дело, Пендаровски изрази уверување дека ќе ги надминеме сите предизвици наметнати од Ковид-19 и ќе можеме да се фокусираме на создавање и креирање, на творештво и градење. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.