Author: Ivana
Премиерот Зоран Заев вечерва најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела. Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. – Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана…
Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори. Во изјава за ТВ Клан, Таравари рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека на Алијанса за Албанците ѝ се потребни нови кадри. – Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада личност на таа функција, изјави Таравари.
Од денес официјално ја преземав функцијата претседател на СДСМ. Ова е огромна чест и одговорност и се обврзувам да ја водам партијата чесно и одговорно, напиша на својот фејсбук профил новиот лидер на СДСМ. – На досегашниот претседател Зоран Заев му се заблагодарив за храбрите одлуки кои ги донесе за државата и успешното раководење со СДСМ, посакувајќи му многу здравје и среќа во личниот и професионалниот живот. Му ветив дека ќе ја негувам социјалдемократијата, силно ќе го штитам единството, слободата и демократијата, а СДСМ ќе остане столб на државноста. Нашата партија го има најдобриот кадровски потенцијал, истакна Ковачевски. Вети дека…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, во Пеќ ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад, каде оствари средба со командантот на командата, полковник Андреа Бертацo, како и со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои извршуваат задачи во рамки на мировната мисија. На средбата со полковник Бертацо, претседателот Пендаровски беше информиран за севкупните активности на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион. Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста…
За жал се повтори ветото, иако држава ги исполнивме сите услови, рече поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во изјава за емисијата „Само вистина“. Жерновски потенцира дека е разочаран, но реален. – Не очекував некој спектакуларен резултат од причина што таму допрва се формираше Владата. Прекраток беше периодот. Изгубивме многу време со тоа што имаше три избори по ред во Бугарија. Петков рече дека ќе ги отстрани сите пречки за надминување на спорот и треба да веруваме во брза интеграција. Ќе биде битно да прекине говорот на омраза во двете земји и да го вратиме дијалогот,…
Во седиштето на СДСМ попладнево беше извршено примопредавање на функцијата претседател на партијата од досегашниот лидер Зоран Заев на новозибраниот Димитар Ковачевски. Заев, како што информира прес службата на СДСМ, му ја честиташе победата на новоизбраниот Ковачевски и му посака успешен мандат. -Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во нашата земја, како и во партијата. Посакувам успешен мандат како претседател на СДСМ, да избереш мудро раководство кое ние сите ќе го следиме. СДСМ е столб на…
Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19“, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа. Соопштението првично се однесуваше на патниците од Велика Британија и Данска кои пристигнуваат во Грција, а кусо подоцна беше променето со вклучени сите земји. Мерката, како што пренесува МИА важи за сите патници од…
Заменик-министерот за одбрана Башким Хасани денеска учествуваше на вебинар „Ковид-19 –Улогата на вооружените сили во поддршка на цивилното општество” во организација на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) на која учествуваа претставници од шесте земји членки на SEEBRIG и од Министерството за здравство. Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за одбрана, заменикот министер Хасани потенцирал дека Владата уште од самиот почеток на здравствената криза во 2020 година донесе цврсти мерки за ограничување и спречување на ширењето на вирусот со цел да се минимизираат ризиците и обезбеди соодветна заштита на нашите граѓани. Притоа тој истакнал дека Армијата во одредени…
Германија протерува двајца руски дипломати откако Москва беше поврзана со нарачано убиство во Берлин
Германската Влада денеска за персона нон грата прогласи двајца руски дипломати, откако судот во Берлин утврди дека Русија нарачала убиство на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, изјави министерката за надворешни работи Аналена Баербок, пренесе ДПА. -Потегот денеска му беше соопштен на рускиот амбасадор Сергеј Нечаев за време на состанокот во Министерството за надворешни работи во средата, рече Баербок. Убиството се случи на 23 август 2019 година во паркот Клајнер Тиергартен. Судот во Берлин денеска го осуди рускиот државјанин Вадим Красиков на доживотен затвор за убиството на Чеченецот, Зелимкан Кангошвили, на 23 август 2019 година во парк во германската…
Здравствените работници во Турција денеска стапија во еднодневен штрајк барајќи повисоки плати и подобри работни услови додека се борат против пандемијата со Ковид-19. Штрајкот во организација на Турското лекарско здружение (ТТБ), се одржа во повеќе од 20 градови и провинции, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Бараме тоа што го заслужуваме“. За време на штрајкот работеа само брзата помош и одделенијата за интензивна нега. Штрајкот е предупредување за Владата и ќе има повеќе прекини доколку не се преземат мерки, изјави за германската новинска агенција ДПА генералниот секретар на Лекарската комора на Истанбул, Осман Кучукосманоглу. Тој додаде дека Владата мора…
Српските власти ѝ го одбиле денеска барањето на косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала да влезе во земјата, објави попладнево косовското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, шефицата на косовската дипломатија побарала дозвола, согласно договорот постигнат со посредство на Брисел, за посети на официјални лица од едната во другата држава, меѓутоа официјален Белград го одбил нејзиното барање. Намерата на Грвала била да ги посети Прешево, Медвеѓе и Бујановац, градови во Прешевската долина, регион во јужна Србија населен со мнозинско албанско население. – Ние побаравме дозвола. Посетата пропадна поради нечесните игри на Белград. Ќе се обидеме…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни. – На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на…