Author: Ivana
Нови вработувања на криминалисти во Министерството за внатрешни работи за наредната година, денеска најави министерот за внатрешни работи Оливар Спасовски на свечената промоција на дипломираните студенти на првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Поради заминувањето на поголем дел вработени од МВР во пензија, во 2022 година, според Сапсовски, ќе има потреба од вработување на поголема бројка криминалисти. -Се отвораат работни места. Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се…
Неуспехот да се испорача тоа што Северна Македонија го заслужува, ја загрозува ЕУ во еден важен регион кој е опкружен со членки на Унијата. И затоа изгледа дека бугарското вето „успеа“ таму каде што не успеаја други надворешни влијанија – да ја намали моќта и влијанието на ЕУ во целиот регион на Западен Балкан, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешниот состанок на министрите за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка која во моментов се одвива под претседателство на Хрватска. Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, нагласи дека Северна Македонија во изминатите четири години беше целосно и искрено посветена…
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на која ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со Истанбулската конвенција и вистинската примена на овој значаен меѓународен документ за борбата со насилството врз жените. -Процесот на изготвување на законските измени за кои денес јавно дебатираме, беше максимално инклузивен и во него беа вклучени судии и јавни обвинители кои во пракса го применуваат овој закон, како и правни експерти и граѓанските организации. Земени предвид беа и препораките на…
Сајбер-булинг е проблем со кој, за жал, се соочуваат се поголем број луѓе. Истиот води кон сериозни несакани последици и токму затоа треба да се пријави до надлежните органи веднаш штом се забележи. Сајбербулинг (Cyberbullying) претставува насилство преку електронски средства и се дефинира како објавување на застрашувачки, вознемирувачки, понижувачки текст или слики на интернет. Ова би можело да биде преку „паметен телефон“, компјутер, лаптоп, таблет или онлајн платформа за играње. Може да се спроведе преку голем број на онлајн или мобилни услуги, како што се текст, е-пошта, веб-страници за социјално вмрежување, веб-страници за хостирање, апликации за размена на пораки (месинџери),…
Највисокиот суд на ЕУ пресуди дека родители од ист пол и нивните деца мора да бидат признаени како семејство во сите земји-членки на ЕУ. Во денешната пресуда, Европскиот суд на правдата нагласи дека „ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја членка треба да го стори истото, за да го гарантира правото на детето на слободно движење“. Случајот дојде пред овој суд откако бугарските власти одбија да дадат извод од матичната книга на родени на ќерка на истополова двојка, која е родена во Шпанија во 2019 година, со образложение дека детето не може да има две мајки.
Австриската влада го очекува најголемиот бран заразени со Ковид-19 во земјата во јануари. Оваа алармантна прогноза денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Волфганг Мукштајн. Во Австрија во моментов се регистрирани 59 случаи на новата варијанта на коронавирус Омикрон, а десетици случаи се уште не се докажани, што на експертите им дава причина да очекуваат дека петтиот бран во јануари ќе биде најголемиот досега. Затоа, веќе се преземаат строги мерки за негово ограничување – лицата со контакт со заразен, без разлика дали се вакцинирани или излечени, ќе бидат во 14-дневен карантин без право да бидат пуштени со негативен тест…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува во 2022 година, е кандидат за гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. Столтенберг, поранешен премиер и министер за финансии, има диплома по економија и се наоѓа на листата од 22 кандидата за гувернер. – Министерството за финансии ме контактираше во ноември да ме праша дали би размислил да аплицирам за позицијата. Го направив тоа бидејќи многу ме мотивира, истакна Столтенберг (62), чиј мандат како генерален секретар на НАТО истекува на 30 септември 2022 година. Централната банка на Норвешка одлучува за монетарната политика на земјата и…
Во Словенија е потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус, а трендот на смирување на епидемијата е забавен минатата недела. „Секвенционирањето го откри првото лице заразено со Омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ, потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот во Парламентот пред редовната седница. Во Словенија продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но министерот за здравство Јанез Поклукар предупредува дека минатонеделните резултати покажуваат дека трендот донекаде е забавен и затоа не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки…
На 72- годишна возраст од Ковид-19 утрово почина познатиот грчки новинар Јоргос Трагас, кој не беше вакциниран и десет дена водеше битка со коронавирусот на одделот за интензивна нега во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина. Со долгогодишна кариера и како новинар и како издавач на весници, со низа емисии на ТВ и радио, Трагас беше меѓу попознатите новинари во Грција и покрај тоа што карактеристични за него беа популистичките и радикалните ставови за одредени теми, отворено беше против Договорот од Преспа, а во февруари годинава го формираше политичкото движење „Слободни луѓе“. Иако со повеќе здравствени проблеми, Трагас…
Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов. Според Сарафов, податоците во моментот покажуваат дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен. – Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 км/ч. Барањата на еден професионален…
Владата денеска ќе одржи редовна седница на која ќе разгледува повеќе предлог-закони, меѓу кои, за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии. Од владината прес-служба соопштија дека на предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија со Предлог-одлука за одобрување средства на банката за формирање фонд за развој.За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во…
Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за предметот „Т.Н.Т.” што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје. -Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.”, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10:00 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката. Случајот…