Author: Ivana

Во штипскиот регион нема опасност од поплави. Во текот на ноќта е намален водостојот на реката Брегалница. Околу два метра и 30 сантимерти беше водостојот, а во моментов е намален за 40 или водата во реката Брегалница е под два метра. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека нема опасност и од поплавување на бунарите, од кои градот се снабдува со вода за пиење. Синоќа екипите на штипските јавни претпријатија ја следеа состојбата со реката Брегалница и дали ќе има потреба од заштита на објекти со вреќи со песок. Водостојот не се зголеми и поради врнежите од…

Read More

Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег. Утринските температури ќе се движат од -2 до 4, а дневни од 0 до 8 степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура од пет степени. За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утрински температури до -8 степени. Слично време се најавува и во наредните денови.

Read More

Првичната иницијатива е испратена од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 3.11.2021 година во која покрај одложувањето на примената, се наведува дека процесот на донесување на Кодексот е спроведен без консултација на бизнис заедницата. Одговор од Македонска берза АД Скопје е добиен на 15.11.2021 година во кој наведуваат дека постојната временска рамка за почеток на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 20.09.2021 година, и новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата не треба да се менува и дека…

Read More

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за нови санкции за да ја одвратат Русија од инвазија врз соседна Украина, откако Москва трупа војници долж границата, јави ДПА, повикувајќи се на европски дипломати. Тензиите растат со недели поради зголеменото воено присуство на Русија на границата со Украина. Според НАТО, Русија собрала меѓу 75.000 и 100.000 војници што доведува до стравувања од повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина. Минатиот петок, украинската морнарица објави преку соопштение дека Русија исто така блокирала речиси 70 отсто од…

Read More

Франција почна 400 истраги за мрежи што обезбедуваат лажни сертификати за коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дармамен, во време кога се зголемува хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19 во државата. Во изминатите денови вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во регионалната болница во Париз, откако презентираше лажен сертификат за вакцинација. Шефот на одделението за интензивна нега во болницата рече дека доколку се знаело дека жената не е вакцинирана, веднаш ќе и дале третман со антитела. – Властите идентификуваа неколку илјади фалсификувани сертификати што се користат низ цела Франција, изјави министерот Дармамен…

Read More

На вонредни внатрепартиски избори и на конгрес, двете најголеми политички партии во земјава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера избраа лидери на партиите. Димитар Ковачевски со 37.649 гласови од членството е избран за нов претседател на СДСМ, додека пак  досегашниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со гласовите на 489 делегати повторно е избран за претседател на партијата. На вчерашните вонредни внатрепартиски избори во СДСМ се гласаше на 194 избирачки места низ општинските организации во државата од 08.00 до 19.00 часот, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ кои се наоѓаа на гласачкото ливче, согласно…

Read More

Пратениците денеска во рамки на 54. седница ќе ја продолжат расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, а капиталните инвестиции ќе изнесуваат 38,2 милијарди денари. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, Предлог-буџетот за 2022 година е одговор на предизвиците кои престојат, но е и во насока на реализација на приоритетите за следната…

Read More

Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, денеска ќе се одржи регионална консултација „Граѓанското општество и дијалогот на јавни политики за реформска агенда на ЕУ“. Регионалната консултација ќе биде организирана онлајн, на веб платформата „зум“. Воведни обраќања ќе имаат Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. На панелот „Дијалог на јавни политики, реформи за пристапување во ЕУ на Западен Балкан и зајакнување на вклученоста на ГО“, каде главната тема ќе биде која поставеност на…

Read More

Од денеска до 15 декември ќе се одржува деветтото издание на студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој 2021 (СКЕЕОР), поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На отворањето на конференцијата најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, заменик раководител на секторот за животна средина при Град Скопје Никола Јовановски и координаторката на СКЕЕОР, Лихнида Стојановска-Георгиевска. Како што најавија организаторите, во рамки на четиридневната конференција, присутните ќе може да слушнат серија пленарни предавања од домашни и странски претставници на пет теми во фокус на оваа конференција –…

Read More

Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер“, Бен Осборн рече дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против Ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно. Кога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Озборн вели дека се уште се чекаат разни нови податоци за новиот вид на вирусот, не само од „Фајзер“ и „Бионтек“, туку и од владите и здравствените системи ширум светот. – Мислам дека веќе имаме основни информации за вирусот, а знаењето за мутациите е многу добро документирано. Се уште ни требаат информации…

Read More

Европскиот парламент следната недела ќе ги повика земјите од Западен Балкан на поголема соработка во борбата против организираниот криминал. Известувачот за организиран криминал на Европскиот парламент, Лукас Мандл и известувачот Андреас Шидер поднесоа извештај за кој ќе се расправа во вторник и среда. Извештајот ќе ги повика земјите од Западен Балкан да ја засилат соработката во борбата против организираниот криминал. Се бара и отворање на архивите на поранешна Југославија, за да се поддржат истрагите. Воедно, Комитетот за надворешни работи ќе побара поголема помош од Европската комисија за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан. Според текстот на Резолуцијата, корупцијата, дезинформациите,…

Read More

Белгискиот кризен штаб за Ковид-19 на прес конференција соопшти дека се очекува сојот омикрон на коронавирусот да стане доминантен во јануари или февруари, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт, изјави дека за сега во Белгија омикрон сојот претставува еден до два отсто од сите заболени од Ковид-19 но дека во текот на јануари или февруари 2022 сојот би можел да стане доминантен во државата. Според податоците на здравствените власти, новиот сој се појавил преку патници кои се вратиле од Египет, Турција, Дубаи и Чешка од една страна. Од друга сојот е детектиран во едно…

Read More