Author: Ivana

По повод 31 март, Денот на правосудството, Судскиот совет организираше отворен ден за студенти од Правен факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, како и на ученици од Основното училиште „Наим Фрашери“ од Куманово. Студентите од трета година од Правниот факултет во Тетово ги кажаа своите желби пред членовите на Судскиот совет дека се гледаат како идни судии и обвинители и дека се стремат да се запишат на Академијата за судии и јавни обвинители. Студентите ја искористија можноста да прашаат за реформските процеси во судството, за документите кои Судскиот совет ги усвојува како дел од судските реформи, но интерес покажаа и…

Read More

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките, информираа од Синдикатот по вчерашните преговори со претставниците на Владата за нивните барања за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто. „Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“, напишаа на Фејсбук од СОНК. Од Владата во соопштение до јавноста по средбата со СОНК велат дека договориле континуиран дијалог до постигнување договор. „На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на…

Read More

Експлозии повторно одекнаа утринава во близина на Киев, објави британскиот јавен сервис Би Би Си. Според медиумот, денешниот ден во главниот град на Украина започнал со сирени за тревога, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии. Вибрации, како што се додава, биле почувствувани и во центарот на Киев. Дописникот на Би Би Си од Киев напиша на Твитер дека звуци од артилериско оружје се слушаат од периферијата на градот. Тој нагласи дека не е јасно дали експлозиите биле предизвикани од руски или украински сили или и двете. По вчерашните преговори со Украина во Истанбул, Русија најави дека…

Read More

Потпишување договор за безбедносни гаранции за Украина е можно дури откако руските војници ќе се вратат на своите позиции од 23 февруари 2022 година. Тоа го изјави постојаниот претставник на Украина во Советот за безбедност на ОН, Сергеј Кислица. Кислица нагласи дека страните во руско-украинските разговори ќе ги продолжат консултациите за подготовка на договор за безбедносни гаранции за Украина. Тој појасни дека станува збор за „механизам за воведување прекин на огнот, повлекување на војниците и другите вооружени формации, трајно безбедно функционирање на хуманитарните коридори, како и размена на жртви, ослободување воени заробеници и цивили“. – Потпишувањето договор за безбедносна гаранција…

Read More

Во специјалното видеообраќање, по повод 18-годишнината од влегувањето на Бугарија во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, го забележа придонесот на Софија, велејќи дека, е уште позначаен во овој клучен момент, за безбедноста на останатите држави членки. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Столтенберг, војната на претседателот Путин во Украина, дневно носи смрт и уништување, загрозувајќи ја безбедноста во Европа и предизвикувајќи го целиот светски поредок. – Сојузниците во НАТО ја осудуваат таа војна и го повикуваат Путин веднаш да ја запре, да ги повлече своите трупи и да се сврти кон дипломатијата, изјави Столтенберг. Тој…

Read More

Резултатите од пописот кој се спроведе од во септември минатата година, а во дијаспората се спроведуваше од април до септември лани, ќе бидат објавени денеска, а според првичните резултати во Македонија живеат над 1,8 милиони граѓани. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата и…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е скептичен во врска со ветувањето на Русија за намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихив. – Секако дека гледаме ризици вели Зеленск ии потенцира дека не гледа основа да верува во зборовите на претставник на држава која продолжува да се бори за наше уништување. Украинците не се наивни луѓе, веќе научија за 34-те дена од инвазијата и во текот на иминатите осум години војна во Домбас дека може да им се верува само во конкретните резултати, рече Зеленски. Украинскиот лидер ги повика Украинците да останат внимателни и покрај тоа што изјави дека…

Read More

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“. – Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“, алудирајќи на наводен бизнис на Хантер Бајден во Русија. Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва,…

Read More

Основците од денеска ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска, откако Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски. Покрај, ова Владата…

Read More

Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови од почетокот на војната, вклучително и повеќе од половина од детската популација во Украина, соопштија ОН. Од нив, 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина, а 3,9 милиони избегале во соседните земји, изјави заменик-координаторот на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја. Мсуја вели дека хуманитарната помош се зголемува секој ден и оти повеќе од 1.230 вработени во ОН работат со 100 хуманитарни организации низ Украина. – Украина е хуманитарен парадокс: рамо до рамо со екстремното насилство, гледаме екстремна љубезност, длабока солидарност и грижа, рече Мсуја, опишувајќи ја хуманитарната ситуација на терен.…

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот дуел со Португалија  во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022. – Сакам да и честитам на Португалија. Одигравме отворен натпревар, Португалија доминираше, но ние си заминуваме со кренати глави. Отидовме на патување на кое никој не би поверувал и можеме да бидеме горди на тоа. Го шокиравме фудбалскиот свет, но треба да продолжиме понатаму и да веруваме дека можеме почесто да учествуваме на вакви големи натпревари. Кога играш против толку големи тимови, против играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо, немаш простор за грешка. Но,…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски им оддаде признание на неговите избраници за прикажаната игра на вечерашниот дуел со Португалија. – Треба да сме сите горди на овие момци кои покажаа дека имаат голем потенцијал да се натпреваруваат со најдобрите репрезентации. Знаев дека ќе биде тешко да одиграме во ист ритам како со Италија и дека физички бевме истрошени, но горд сум од прикажаното. Малку ми е криво поради примените голови по наши грешки, но и грешките се дел од фудбалот. Овој пораз за нас може да биде уште поголем мотив за во иднина, рече на прес-конференцијата Милевски. Македонските…

Read More