Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студенти по право и ученици во посета на Судскиот совет

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 13:12

По повод 31 март, Денот на правосудството, Судскиот совет организираше отворен ден за студенти од Правен факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, како и на ученици од Основното училиште „Наим Фрашери“ од Куманово.

Студентите од трета година од Правниот факултет во Тетово ги кажаа своите желби пред членовите на Судскиот совет дека се гледаат како идни судии и обвинители и дека се стремат да се запишат на Академијата за судии и јавни обвинители.

Студентите ја искористија можноста да прашаат за реформските процеси во судството, за документите кои Судскиот совет ги усвојува како дел од судските реформи, но интерес покажаа и за процедурата за избор, унапредување и разрешување на судии и претседатели на судови.

Членовите на Судскиот совет низ бројки и податоци ги информираа студентите за своите активности и надлежности, како и за низата активности кои се преземаат со цел да се обезбеди независно, објективно, одговорно и транспарентно судство.

Учениците од ОУ „Наим Фрашери“, иако се уште не се на возраст да се определат каде ќе го продолжат образовниот процес, сепак покажаа интерес како се одвиваат судењата во судница и каква е улогата на судиите, обвинителите и адвокатите во еден судски процес.

Од страна на членовите на Судскиот совет им беше пренесено дека во секој судска постапка, вклучително и во постапките кои советот ги води за судии иницирани од барања за нестручно и несовесно работење, неопходно е да се почитуваат законите и прописите за на крајот да се донесе објективна, издржана и независна одлука.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.