Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основците од денеска без маски на училиште, без сертификати на летните тераси во кафулињата

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 08:33

Основците од денеска ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска, откако Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта.

Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Покрај, ова Владата реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус Ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан Ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено. Во исто време, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Владината одлука доаѓа во услови кога, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март, продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализирани од Ковид-19. Во 94,7 отсто од испитуваните примероци е потврден Омикрон „стелт“ сојот, кој доминира во земјава, додека во 5,3 отсто од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.

Продолжуваат апелите на надлежните за вакцинација бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин за заштита од коронавирусот. Заклучно со 24 март, според вчерашните податоци од ИЈЗ, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

Во посочениот период се тестирани вкупно 16.074 материјали, а регистрирани се 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5 отсто помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0 отсто до 14,3 отсто, просечно 10,1 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.032; 60,8 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 224,2/100.000 и Скопје – 162,7/100.000.

Како заболени се регистрирани лица во сите возрасни групи – најзастапени се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7 отсто помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3 отсто.

Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3 отсто повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8 отсто помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во земјава, според вчерашните податоци, се активни 1.782 случаи со КОВИД-19, од кои најголем број 1006 се во Скопје, додека во Крива Паланка нема ниту еден активен случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.