Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од почетокот на војната над 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 08:25

Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови од почетокот на војната, вклучително и повеќе од половина од детската популација во Украина, соопштија ОН.

Од нив, 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина, а 3,9 милиони избегале во соседните земји, изјави заменик-координаторот на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја.

Мсуја вели дека хуманитарната помош се зголемува секој ден и оти повеќе од 1.230 вработени во ОН работат со 100 хуманитарни организации низ Украина.

– Украина е хуманитарен парадокс: рамо до рамо со екстремното насилство, гледаме екстремна љубезност, длабока солидарност и грижа, рече Мсуја, опишувајќи ја хуманитарната ситуација на терен. Таа наведе дека првиот конвој на ОН пристигнал во Суми на 18 март, доставувајќи 130 тони медицински материјали, вода, готови оброци и конзервирана храна на 35.000 луѓе. Вториот конвој на ОН пристигна во Харков во понеделникот.

– За да обезбедиме поголема хуманитарна поддршка, потребен ни е детален, реален договор за хуманитарни прекини на огнот и паузи за да се овозможи помошта да влезе и луѓето да заминат, рече таа и додаде дека „ситуацијата во Украина е плодна почва за трговците со луѓе и предатори кои ја користат можноста што ја дава нестабилноста поради војната“.

– Хуманитарните организации се загрижени за ризикот од трговија со луѓе, како и за сексуалното насилство, експлоатација и злоупотреба во Украина и во регионот. Предаторите ги мамат самохраните родители со ветувања за превоз и сместување, нагласи таа.

ОН соопштија дека ги зголемуваат услугите за заштита на Украинците кои бегаат од земјата и во земјата. Тие им обезбедуваат достапни информации за безбедни опции и рути, пристап до линии за помош и безбедно засолниште.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.