Author: Ivana

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен,  изјави дека нејзиното министерство работи на изработката на стратегија за борба против перењето пари и нелегалното финансирање од странство, а истовремено ги зајакнува и активностите дома против затајувачите на данок, што само минатата година државниот буџет го чинело 600 милијарди приходи. Џенет кажа дека Министерството за финансии на САД мора да одигра голема улога во борбата против корупцијата дома и во странство. -На крајот на краиштата, САД не можат да бидат кредибилен глас за слободни и фер влади во странство, доколку истовремено им дозволиме на богатите неказнето да ги прекршуваат нашите закони, рече таа.…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден им вети на членките на НАТО од Централна Европа дека без нив нема да се носат одлуки за регионот, информира советничката на литванскиот претседател Аста Скаисгирите. Бајден ги увери сојузниците дека ништо нема да биде договорено со Русија за регионот зад земјите од регионот, изјави Скаисгирите пред новинарите. – Бајден рече: Ништо за вас без вас, истакна  Скаисгирите. Бајден разговараше со централноевропските лидери од НАТО кои се граничат со Русија, Белорусија и Украина: Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија. Тој рече дека се можни „дополнителни воени капацитети“ во тие земји, иако не…

Read More

Предусловите за патување во Грција се продолжени за уште една седмица, а единствената промена се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и потврдата повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест, согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила, а се однесува и на државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. За вакцинираните и невакцинираните, правилата остануваа исти и непроменети, за првите потребен е сертификат за вакцинација, а за вторите негативен ПЦР или рапид тест како и тестирање при влезот во Грција, а за сите, за патување кај…

Read More

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот на Астра Зенека против коронавирус – „Евушелд“. Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата. Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица. Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена во САД. Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите. Предвидено е лекот…

Read More

Поранешниот американски п ретседател Доналд Трамп го навреди поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека не разговарал со него откако му честитал на Џо Бајден за неговиот избор за лидер на САД. -Првата личност која го поздрави Бајден беше Биби Нетанјаху, личноста за која направив повеќе од кој било друг со која работев… Биби можеше да молчи. Но, тој направи ужасна грешка. Направи ужасна грешка, рече Трамп, пренесе Аксиос. „Оттогаш не сум разговарал со него. Нека оди по ѓаволите“, рече Трамп. Поранешниот американски претседател, истовремено, истакна дека „сè уште му се допаѓа Нетанјаху, но ја цени и лојалноста“. -За…

Read More

Еколошкото востание заедно со повеќе од 40 иницијативи, движења и активисти одлучија да продолжат со протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протести и блокади што ќе се организираат низ Србија во сабота, на 11 декември, во 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград. -Повлекувањето на предаторските закони е добар знак, но тоа е далеку од победа. Сите тајни договори и меморандуми со рудникот за литиум Рио Тинто, потпишани или од поранешната или од сегашната власт, мора да бидат достапни на граѓаните и под итно да се поништат, се вели во соопштението Посебен акцент е ставен на поддршката…

Read More

Европската комисија и словенечкото претседателство на Советот на ЕУ вечерва соопштија дека Хрватска е подготвена да влезе во Шенген. -Министрите во рамките на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ усвоија заклучоци за исполнување на потребните услови за целосна апликација за критериумите за Шенген. Ова е важен ден и одлука која не доближи уште повеќе до исполнување на стратешката цел на хрватската влада за влез во Шенген зоната, изјави дипломатското хрватско претставништво на Твитер. Информацијата ја потврдија јавно на прес конференција еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс.

Read More

Италијанската Влада најави нови успеси во кампањата за вакцинација на населението против Ковид-19, откако бројот на инјектирани дози вакцини вчера надмина 100 милиони. Генералот Франческо Паоло Фиглиуоло, задолжен за дистрибуција на вакцината, постигнувањето го оцени како „одличен резултат“. Според пресметките на независната фондација Гимбе, приближно 80,1 отсто од Италијанците досега се барем еднаш вакцинирани, додека 77,3 отсто се ревакцинирани. Дополнителна (бустер) доза од вакцината примиле и околу 16,2 отсто од граѓаните. Меѓу Италијанците постари од 12 години, речиси 88 отсто примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19. Владата, исто така, најави дека во следните неколку недели на 25 милиони…

Read More

Скопската Противпожарна бригада вечерва гасеше пожар во стан во нова зграда на улица Методиј Шаторов-Шарло во Аеродром, во кој загина неподвижна жена болна од рак. Пожарот е изгаснат, изјави за  САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на Пожарната Владимир Симоновски и ја потврди жртвата. Тој вели и дека жената, која за утре имала закажано операција, не можела да побегне, се задушила од отровните гасови. Живеела сама во станот. Во моментов, екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека конфликтот во источна Украина меѓу војската на Киев и проруските сепаратисти изгледа како геноцид, додека тензиите меѓу Москва и Западот се зголемуваат. – Вие и јас знаеме што се случува во Донбас, истакна Путин за време на состанокот на Советот за човекови права на Кремљ, мислејќи на зоната на конфликт во источниот дел на земјата, додавајќи дека „тоа секако изгледа како геноцид“

Read More

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека од следната недела отпочнува со редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи, туку и со прес – конференции на кои ќе се елаборира што е тоа што се случува во градот. -Јас со мојот однос мислам дека сум целосно спротивност од она кое што сме го имале во претходното раководство на градот. Планирам да воспоставам еден можеби поинаков начин на соработка и од следната недела па натаму со отпочнување на редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи, туку и со прес конференции едноставно ќе се елаборира што е тоа што…

Read More

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој лани бараше оставка од Христијан Мицкоски поради поразот на парламентарните избори и најавуваше своја кандидатура за челното место во партијата, денеска најави дека во недела, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поддржи реизборот на Мицкоски. Според Јанчев, Мицковски постигнал добри резултати на локалните избори и затоа ќе го поддржи за реизборот, кој веројатно и ќе нема кој да го оспори, бидејќи досега не се јави ниту еден противкандидат. Рокот за кандидирање на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ истекува во сабота. Мицкоски првпат беше избран на чело на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес во декември 2017 година во Валандово, по оставката на Никола Груевски.

Read More