Author: Ivana
Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари денес повторно ја отвори темата околу наводниот поткуп на пратеници. Тој во емисијата „Само вистина“ истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи добил поткуп. -Апсолутно мислам дека го самоизолирале Реџепи. Можеби малку поткуп, малку притисок. ДУИ тоа го прави најдобро. Немам докази, да имав ќе излезев и ќе отидев во Обвинителството. Ова се зборува во кулоарите. Се знае кај бил Кастриот тој ден. Се збори низ Скопје, прашајте пет луѓе, двајца знаат каде бил пратеникот, рече Таравари, одговарајќи на прашањето дали навистина постои поткуп на пратеници за да преминат на…
Наместо да бара објаснување од МВР и да ги дезинформира граѓаните со произволни Фејсбук статуси, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска да почне да си ја врши работата и кога веќе не знае, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува, соопшти вечерва МВР. -Зачудува несериозноста на градоначалничката, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР. Со цел да не дозволиме Арсовска да ја лаже јавноста и да бара алиби за своето незнаење во МВР, ја информираме јавноста дека според Законот…
Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование, порача министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата организирана во рамки на Самитот за земји од Западен Балкан. – На унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем гледаме како можност за севкупен општествено-економски напредок на Северна Македонија и исчекор кон интегрирањето на земјата во европското семејство. Оттаму се поттикнати и нашите интензивни заложби за реформирање на образованието. Целта е да обезбедиме што повеќе и подобри образовни можности за нашите граѓани од најрана возраст, затоа што влогот во човечкиот капитал е всушност основа за развој на сé друго, рече Царовска.…
Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази длабоката загриженост на САД и на европските сојузници за руската ескалација на сила околу Украина, давајќи до знаење дека САД и сојузниците ќе одговорат со силни економски и други мерки во случај на воена интеревенција, се наведува во електронската пошта испратена од Белата куќа до американските медиуми по денешната видео конференциска врска меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин. Според „Вашингтон пост“, разговорот започнал со кратки изрази на учтивост. – Добредојде, г-н претседател, рекол Путин. – Добро е што се гледаме повторно. Не се видовме на самитот Г-20. Се надевам следниот пат ќе се…
Обновена е старата рута за шверц на дрога со гумени чамци од Албанија во Турција. Во провинцијата Мугла во Турција се запленети 1,5 тони марихуана, а уапсени се три лица, сите албански државјани, кај кои се пронајдени и три пиштоли, јави агенцијата Балкан веб. – Според изјавата на гувернерот на Измир, започнала истрага по добиените информации дека од Албанија ќе пристигне поголемо количество дрога. Била спроведена истрага од страна на главните јавни обвинители на Измир и Торбал, а акцијата била спроведена во координација на командата на полицијата и крајбрежната стража во провинцијата Мугла, додава агенцијата. Осомничените со глисер преку морски…
Сиромаштијата во земјава контиунирано опаѓа, но детската сиромаштија се намалува побавно од сиромаштијата кај возрасните. Анализите покажуваат дека децата кои живеат во сиромашни семејства и со помалку образовани родители имаат поголем ризик да останат сиромашни и кога ќе пораснат. Студијата за повеќедимензионална детска сиромаштија, што вечерва беше објавена во рамки на форумот „Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствениот фактор“, покажува дека во последните неколку години земјава бележи значителен напредок во однос на намалувањето на монетарната сиромаштија, но дека намалувањето на детската сиромаштија е со значително помал степен на опаѓање. Недостигот до образование, економските потешкотии,…
Мониторингот на судски случаи не е новитет, постојат организации кои тоа го мониторираат, а дел од ове предмети беа барани за мониторинг, имаше барања и други предмети кои биле судени во времето на режимот, истакна вечерва министерот за правда Боран Маричиќ на Топ тема. – Владата има побарано помош од ЕУ за мониторирање случаи на висока корупција, како и некои законски решенија во парламентот. Нема проблем било кој случај да биде мониториран, но да не се влијае на суштината ниту пак на нејзиниот исход. Не би било проблем за било кого, а пресудите се на обвинителството и судиите, вели тој.…
Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за „Шпигел“ во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, вели дека треба да се формираат работни групи и да се остават да преговараат шест месеци, за да не ги одредуваат работите само националистите. – Зошто нема летови и возови меѓу Софија и Скопје? Ајде да зборуваме повеќе за економија отколку за различни толкувања на заедничката историја. Или за учебниците во Северна Македонија во кои се тврди дека Бугарите се фашисти, вели Петков. Тој за „Шпигел“ оценува дека доколку се даде „зелено светло“ за пристапните преговори…
Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва оствари средба со членовите и активистите на СДСМ во Кочани каде се дебатираше за унапредување на внатрепартиската демократија. Тој истакна дека развојот на демократијата е во директна корелација со унапредување на внатрепартиската демократија и тој како претседател ќе се залага секој член на партијата да има глас и моќ да избира и одлучува на локално ниво. „За да ги избереме најдобрите и најпочитуваните луѓе на локално ниво, потребно е членовите на партијата од секоја општина да може да бираат и да одлучуваат. Како иден претседател, ќе инсистирам локалните раководства исто како и…
Бугарија би можела со години да го блокира приклучувањето на Северна Македонија во ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во текстот со наслов „Софиското фалсификување на историјата“. Бугарија е пред добивање нова влада, а во Брисел се надеваат дека земјата ќе се откаже од ветото за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, наведува во текстот весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и појаснува дека владата на Борисов ги спречила преговорите со образложенија „кои не само Брисел ги смета за апсурдни“. – Скопје би морало да признае дека македонскиот јазик е всушност само бугарски дијалект и дека македонската нација се…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево имаше онлајн состанок со Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, на кој меѓудругото, се разговараше за заздравувањето на економијата после пандемијата Ковид – 19, вработеноста на младите, формализирањето на неформалната економија, како и движењето на работната сила на долг рок. Министерката Шахпаска информираше дека и во време на економска криза, предизвикана од здравствената криза, нашата држава бележи историски најниско ниво на невработеност од 15,9 проценти, што е јасен показател дека политиките на Владата, како и шесте пакети економски мерки дале позитивен резултат. „И минималната и просечната плата…
Владата на Република Македонија на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати. Соларната електрана на стратешкиот инвеститор вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во атарот на Долни Балван, Општина Карбинци. На денешната седница Владата донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, која што ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра. ХЕК…