Author: Ivana

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска не прецизираше дали ќе остане на функцијата и во новата Влада. Во изјава за медиумите, Николовски рече дека најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето. – Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму…

Read More

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм. Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи. Новите цени на…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на  Вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западeн Балкан, под наслов „Улогата на агенцијата за безбедност во соoбраќајот и важноста на веродостојни и доверливи податоци во креирањето политики“. Министерот Спасовски се обрати на панелот за високи претставници на институциите на тема: „Во поддршка на втората декада – акција за безбедност на патиштата и визијата за нула жртви“, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот за соработка при делегацијата на Европската Унија во нашата земја Стефен Худолин. Брзината е еден од главните проблеми за безбедноста на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во прва работна посета на нашата земја. Премиерот Заев на средбата го запозна гостинот со актуелната политичка состојба во земјата при што нагласи дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст, и особено за актуелното прашање…

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека со неизгласувањето на законот за недела неработен ден, кој требаше да почне од 1 октомври, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти од работниците…

Read More

Апликацијата која на слепите лица и лицата со оштетен вид  им овозможува пишаниот текст да го чујат во гласовна форма е достапна и на албански јазик. Апликацијата „Хана“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма. – Слепите лица и лицата со оштетен вид добиваат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“, за академската 2021/2022 година, за студии од втор циклус за Пан-европската извршна МБА програма на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека инвестирањето во образованието на младите бизнис лидери е најсигурната инвестиција во успехот на нашата економија и иднината на нашето општество. „Образованието треба да им помогне на младите не само да се стекнуваат со теоретски знаења, туку и да ги оспособи преку слободно и независно размислување да наоѓаат решенија за реалните предизвици и проблеми. И токму затоа ни се потребни млади луѓе како…

Read More

Повеќе од илјада жртви има на патиштата во Западен Балкан, а за поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи потребен е сеопфатен пристап во кој ќе биде вклучено целото општество – од политичарите до граѓаните. Во земјава, според Националната транспортна стратегија, се предвидува до 2030 година да се намали бројот на жртви на патиштата за 50 проценти, а во завршна фаза е и процесот на формирање агенција за безбедност на патишта која ќе биде извршно, а не советодавно тело. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во земјава има тренд на намалување на бројот на сообраќајни несреќи,…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кој престојува во работна посета на Северна Македонија. На средбата беше разговарано за европската перспектива на Северна Македонија и регионот како заедничка стратешка цел, како и актуелните состојби во тој контекст. Вицепремиерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на европските интеграции на земјата, партнерството и сојузништвото во справувањето со глобалните предизвици како израз на заедничките вредности. – Делиме иста визија за иднината на Северна Македонија и регионот и поддршката од САД како наши партнери и сојузници секогаш била двигател…

Read More

За пет места за обвинители во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители доставени се вкупно десет кандидатури. Првично до Советот биле доставени осум апликации, а заклучно до денес уште две кандидатури пристигнале по пошта. Огласот за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е распишан поради истек на мандатот на петмина од ова Обвинителство.Конкрусот официјално е завршен на 1 декември, и во следниот период, како што велат од Советот, ќе бидат разгледени кандидатурите.Во април годинава Советот на јавни обвинители донесе одлука за избор на пет јавни…

Read More

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна програма. Ковачевски периодот ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини. Фокусот на програмата на Ковачевски е врз внатрешното реформирање на партиските процеси коишто би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката Влада-Локална самоуправа-Партија. Ковачевски на средбата ја истакна реформата на месните одбори коишто во иднина треба да прераснат во…

Read More

Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје беше отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство. Советувалиштето ќе обезбедува услуги за жени и деца-жртви на различни форми на родово базирано насилство. Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за МИА информира дека советувалишниот центар ќе им обезбеди помош и поддршка на жените-жртви, согласно нивните потреби. – Без разлика дали жената ја донела одлуката да го напушти насилникот и отишла и пријавила во некоја од надлежните институции или се уште…

Read More