Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

0
By Ivana on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 13:50

Апликацијата која на слепите лица и лицата со оштетен вид  им овозможува пишаниот текст да го чујат во гласовна форма е достапна и на албански јазик. Апликацијата „Хана“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

– Слепите лица и лицата со оштетен вид добиваат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна и десктоп-верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас на мајчин јазик. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас, кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната презентација на апикацијата министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Овие лица, рече Шахпаска, имаат право за непречена комуникација слободно изразување и слободен пристап до се што ги опкружува, а оваа апликација го овозможува токму тоа – непречна комуникација, непречено движење целосно вклучување во општеството, како и зголемување на квалитетот на живот на слепите лица и на лицата со оштетен вид.

-Верувам во концептот едно општество за сите. Убавината на општествениот мозаик ја прават различностите. Лицата со попреченост се наши роднини пријатели, наши соседи. Кога ние носиме и креираме политики како Влада го имаме тоа предвид. При подготовката на оваа апликација тргнавме од мотото на овие лица „Ништо за нас без нас“. Оттука идејата што ја имавме во МТСП за креирање една апликација ваква ја работеме заедно со Националниот сојуз на слепи, рече Шахпаска.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби истакна дека за да се реализира концептот едно општество за сите, тоа прво треба да биде едакво.

-Сите треба да имаат еднаков пристап до вработување, образование и заштита од секаков вид дискриминација. Владата има во стратегијата јасни цели како да се подобри квалитетот на живот на лицата со попречености. Секако во рамки на конвенцијата на ОН за право на лицата со попреченост чиј потписик е и земјава има стратешка цел да се подобрат условите и да се вклучат сите лица со попречености во општествениот живот, рече Груби.

Според него, оваа апликација ќе им помогне на илјадници лица не само РС Македонија, Косово и Албанија, туку и пошироко таму каде може да се користи албанскиот јазик.

-Можноста за еднаков пристап на сите во градењето на едно заедничко општество и еднакво општество е витално. Ние нема да сопреме тука за да ги надминеме сите бариери и да овозможиме еднаков пристап и во здравството и во културниот и социјалниот живот, во образовниот процес и вработувањето, рече вицепремиерот.

Според Сања Бојаниќ, заменичка постојана претставничка на УНДП во земјава, потребни се стратешка рамка и системски политики за олеснување на животот на лицата со попреченост, но вели, тоа треба да резултира и со практични решенија како што е апликацијата.

– Нешто што сметам дека е исклучително важно е што работиме со МТСП да не се работи за лицата со попреченост, туку тие да се зајакнат за самите да се грижат за себе си. Ова е промена во пристапот и во логиката на нештата, при што работиме со нашите парнери со цел лицата со попреченост активно да се вклучат во општеството и тие да можат да бидат даватели,  а не само да чекаат нешто да им биде дадено, рече таа додавајќи дека ова е многу важна промена што мора да се случи во општсетсвото и оперативно во однос на ставот на институциите, но и во нашите умови како граѓани и однесување и ставови кон лицата со попреченост.

Апликацијата на македонски јазик „Кико“ беше промовирана во јули годинава. Досега ја користеле 3000 македонски граѓани. Апликацијата на албански јазик се очекува да ја користат околу 5000 лица во земјава, во Косово и во Албанија. На промоцијата на апликацијата присуствуваше и Денада Сефери, заменичка министерка за здравство и социјална заштита на Република Албанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.