Author: Ivana

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ја потпишаa програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Заев и Гаши нагласија дека земјата излегува од политичката криза, има стабилно парламентарно мнозинство и стабилна Влада, што значи дека новата проширена коалиција ја презема одговорноста за сигурна иднина и на државата и на граѓаните на Северна Македонија. Заедничка констатација која ја зајакнува новата коалиција, информира Заев, е дека на Северна Македонија и на граѓаните не им се потребни предвремени или вонредни парламентарни избори. – Вонредни избори единствено би ја втуранале…

Read More

Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија денеска локалните власти. Жртвите биле дел од група од 11 скијачи, од кои осум биле погодени од лавина широка околу 200 метри додека се движеле по патека за време на скијачката тура вчера во областа Твенг, во провинцијата Салцбург. Тројца скијачи биле затрупани од лавината, додека двајца биле делумно затрупани и успеале да се ослободат, соопшти регионалната полиција. Спасувачите успеале да лоцираат двајца затрупани скијачи користејќи ги нивните уреди за пребарување, но едниот веќе бил мртов, а другиот подоцна починал во болница во Клагенфурт. Третиот затрупан скијач не носел уред за пребарување и…

Read More

Донесена е Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите. – Со 14,9 милиони денари предвидени со оваа програма ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари, објавија од Владата на Република Северна Македонија денеска на фејсбук.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не бележи никакви промени. Во Белиот дворец е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Вистински доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески, реагира СДСМ. -Целата јавност имаше можност да слушне како Ставрески вели „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб”, а денес, тој Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им дава наредби на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова, за жал, значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за граѓаните и исклучиво во нивен интерес,…

Read More

Коморскиот инвестициски форум од 6-те земји на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) организираше заедничко претставување на 30 мали и средни компании (МСП) од шесте земји на Западен Балкан (ЗБ6) на Меѓународниот саем во Тирана. Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Биомарел Шитаке“ „Даути Комерц“ и „Центрофрута“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан. Во присуство на амбасадорот на РС Македонија Н.Е. Данчо Марковски, претседателот Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што…

Read More

Кај наплатна рампа Смоквица синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет лица мигранти. Како што соопштија денеска од МВР, од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани. – Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење…

Read More

Министерството за внатрешни работи информира дека и годинава се спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Во соопштението се подвлекува дека Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до…

Read More

 Во животот секогаш најмногу не инспирираат поединците кои прават нешто добро, а без никаков надомест. Доброволно, искрено, посветено и чесно, мотивирани единствено од желбата да се помогне некому во неволја, да се понуди утеха, да им се служи на другите луѓе и на заедницата на која припаѓаат, е пораката од претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 5 декември – Светски ден на волонтерството. Во видео-порака Пендаровски нагласи дека кога милиони луѓе секојдневно се во постојана трка по материјални богатства и моќ, не гледајќи ги тие кои страдаат, мисијата на волонтерите претставува ретка појава во светот. Претседателот се заблагодари за…

Read More

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции. Од МВР денеска информираа дека 19 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола, седум за возач почетник и четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Read More

Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава. Замрзнувањето на цените ќе важи во трговијата на големо и во трговијата на мало. Одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи што вчера ја донесе Владата, може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата…

Read More

Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 355 случаи на коронавирусот од направени 3.042 тестирања или 11,6 отсто, што е во рамките на просекот за време на викенд-деновите. Беа пријавени вкупно 15 починати лица, девет во претходните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“. Евидентирани беа 2.308 оздравени пациенти, од кои 329 во претходното деноноќие, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021, информира Министерството за здравство. Со тоа, бројот на активни случаи од околу 8.000 падна на 6.000. Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот…

Read More