Author: Ivana

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе почне преговори за меѓународен договор за превенција и контрола на идните пандемии додека светот се подготвува да се бори против новиот сој на коронавирусот – Омикрон. Договорот за засилување на мерките за пандемијата се очекува да биде готов во мај 2024 година, покривајќи прашања кои се движат од споделување податоци и секвенционирање на новите геноми на вируси до правична дистрибуција на вакцини и лекови добиени од истражување. „Донесувањето на таа одлука е причина за славење и причина за надежта што ни е потребна на сите“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус…

Read More

Централната банка на Турција денеска интервенираше на нездравите“ пазарни цени по што турската лира силно закрепна од рекордно ниско ниво. Турската валута драстично падна во ноември, по одлуката на централната банка за дополнително ублажување на монетарната политика и покрај зголемената инфлација, што ја поддржа претседателот Реџеп Таип Ердоган, наспроти експертската јавност, која наиде на бројни критики. Централната банка во соопштението наведува дека „директно“ интервенирала на пазарот со „продажни трансакции поради нездравото формирање на девизните курсеви“. Лирата, која претходно падна за цели 3,3 отсто, на 13,87 лири во однос на американската валута, закрепна на 12,76 лири за долар во 9:36 часот…

Read More

Секој што ќе влезе на територијата на Косово од 3 јануари ќе треба да има доказ дека примил две дози од вакцината. Тоа го предвидуваат новите мерки против корона вирусот, кои во вторникот ги усвои косовската влада, јавуваат приштинските медиуми. До 3 јануари лица кои имаат доказ дека примиле две дози вакцина или имаат најмалку една доза вакцина и негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа, или една доза вакцина и доказ дека имале коронавирус , ќе може да влезе во Косово. Новите мерки предвидуваат и сите лица кои користат јавен превоз да имаат потврда за целосна…

Read More

Папата Франциск денеска, по повод Светскиот ден за борба против СИДА-та, повика на обновување на солидарноста со луѓето кои живеат со ХИВ за да им се гарантира грижа во најсиромашните делови на светот. Папата на општа аудиенција рече дека Светскиот ден за борба против СИДА-та е важен повод да се потсетиме на луѓето заразени со вирусот. – Во некои делови од светот нема основна здравствена заштита. Се надевам дека е возможна обновена посветеност на солидарноста со цел да се гарантира ефективна и еднаква здравствена заштита (за луѓето кои живеат со ХИВ), рече Папата. УНАИДС, програмата на ОН за ХИВ и…

Read More

Има индикација дека на 300 метри пред местото на катастрофата имало истекување на горивото и чад. Ова во интервју за бугарската Нова телевизија го изјави регионалниот министер Виолета Комитова, пренесува софиски „Дневник“. – Местото каде се наоѓа клучката за излез од патот кон с.Боснек, каде на 23 ноември се случи трагедијата со македонскиот автобус во кој загинаа 45 патници, не е автопат или брз пат, туку обичен меѓуградски пат, вели Комитова.

Read More

Од неопходни  причини за заштита на јавното здравје, задолжително се вакцинираат против Ковид-19 сите физички лица со живеалиште или постојан престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година, пишува на почетокот од амандманот за задолжителната вакцинација во Грција за лицата над 60 години, што веќе е доставен во грчкиот Парламент. Како што јави дописничката на МИА од Атина, конкретната мерка, вчера ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а лицата за кои важи задолжителната вакцинација, мора да ја имаат примено прва доза до 16 јануари 2022 година. Од неопходни  причини за заштита на јавното здравје, задолжително…

Read More

Земјите-членки на Светската здравствена организација денеска се согласија да почнат со работа на градење нов меѓународен договор кој одредува како да се справат со следна глобална пандемија. Државите усвоија резолуција на специјален состанок во Женева. Со тоа, почнува процесот што треба да резултира со нов договор за подготвеност што стапува на сила во 2024 година и е одговор за пандемија.

Read More

Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија, кој ќе се одржи на 16 јануари идната година. Дачиќ ја потпиша Одлуката по седницата на Собранието на Србија. Пратениците претходно ги усвоија Законот за промена на Уставот на Србија, Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот и Одлуката за распишување републички референдум со цел да се потврди Законот за промена на Уставот. Како што пишува во одлуката за распишување републички референдум, граѓаните ќе се изјаснат за референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија“.

Read More

Тројца мртви и осум ранети е балансот откако 15-годишно момче пукаше во средното училиште во американската сојузна држава Мичиген. Станува збор за тројца негови соученици, а меѓу ранетите има и еден професор. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба. Мотивот на напаѓачот не е познат. Осомничениот, за кој се верува дека дејствувал сам, не открил ништо на полицијата и побарал адвокат откако неговите родители го советувале да не зборува. Ова е последното во серијата престрелки во училиштата во САД кои датираат од пред неколку децении. https://www.youtube.com/watch?v=gmiBHwH-CVw

Read More

 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека како општествено одговорно претпријатие, веќе две години континуирано ја поддржува мисијата на СОС Детско село, преку реализација на различни активности со цел поттикнување на индивидуалната филантропија. Овој пат, повторно, со сметките за месец ноември 2021 година, до сите корисници на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се доставува информативен додаток со повик за донирање. – Корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во информативниот додаток кој е во прилог на сметките за месец ноември, 2021 имаат можност да ги видат сите новитети и реализирани активности во текот…

Read More

Европа, најотворениот туристички регион во светот, забележа позитивни резултати во третиот квартал од годинава. Една од пет дестинации во светот или 21 отсто од земјите во моментов имаат целосно затворени граници поради ситуацијата со коронавирус, додека 98 отсто од земјите имаат одредени ограничувања за меѓународните патници, според најновото истражување на Светската туристичка органзиација – UNWTO. Според тие податоци, половина од затворените земји не ги ни отвориле границите од април минатата година. Инаку, четвртина од сите туристички земји во светот се уште имаат делумно затворени граници, а 52 отсто од нив бараат од туристите да покажат негативни тестови пред да влезат…

Read More

Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на помалубројните заедници (АОПЗ), Џелал Хоџиќ, вчера оствари средби со европратеници во Брисел, меѓу кои и со известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Хоџиќ, кој е и претседател на Странка на демократска акција за Македонија (СДА) се сретна и со пратеникот Карло Реслер од Хрватска. Пораката која им е повторно пренесена на европратениците на две недели пред клучниот министерски Совет на ЕУ на кој Северна Македонија го чека одамна ветеното отворање на преговори со ЕУ, е дека за земјата членството во Унијата, како и во НАТО се од голема важност…

Read More