Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Некои очекуваат на вака мафијашка реакција од страна на власта да следи таква реакција и од другата страна, но ние тоа нема да го направиме. Нема да се спуштиме на нивно ниво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Драчево, општина Кисела Вода. „Тие го деградираа и Собранието и институцијата пратеник. Напротив ние ќе работиме само за граѓаните. Ќе го реализираме ветеното, а нашата крајна цел е промена на оваа криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ и формирање на влада која ќе работи за граѓаните, влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и така ќе делува,…
Се надевам дека наскоро ќе имаме соговорник, во однос на политичка влада кај комшиите, изјавата на Петков охрабрува и на некој начин е реална, вели Никола Димитров, потпретседател во Владата за евроинтеграции во Студио 10 на ТВ24. – Проблемот трае веќе две години.Односите се изместија, мислам дека е крајно време да се обидеме да ги вратиме односите кон добро. Влогот е огромен, за македонско-бугарското пријателство бидејќи на некој начин сегашната политика на уцена на блокада и вето не раздалечува. Европската приказна бледнее, се појавуваат тензии затоа што драстичноста на македонската европска приказна е највисока, ние сме тие кои и покрај нашите мани…
На барање на Синдикатите и во тесна соработка со Владата, подготвен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права. Со овој Предлог закон, како што рече, се овозможува над 92 проценти од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот Исто така, измените предвидуваат…
Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси. Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до Владата. -Ја поддржуваме задолжителната вакцијација во јавниот сектор, посебно во здравството, но сметаме дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и во приватниот сектор како што прават повеќето европски земји, повикувајќи се на правото на работникот за заштита при работа. Мора заеднички да работиме на подигнување…
Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите што ги доставиле до Владата за производство на електрична енергија до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Како Влада и Министерство за економија имаме добиено планови за производство. Ќе се бара одговорност од одредени раководства на подружниците на ЕСМ, вклучувајќи ја тука и РЕК Битола, кои нема да ги исполнат плановите за производство до крајот на годината, а секако и за наредната година, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој посочи дека утрово разговарал со генералниот директор на…
Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така остануваме на првото сценарио – настава со физичко присуство. Доколку има каква е да е промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе имплементираме други сценарија. Но засега сѐ укажува дека состојбата е стабилна и дека учениците се безбедни во училиштата, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Соопшти дека над 75 отсто од наставниците се вакцинирани, што е двојно повеќе од националниот просек, под 1 процент е бројот на позитивни и активни случаи во училиштата. Од почетокот…
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира на најновите мерки за вработените во јавниот сектор што ги предлага Комисијата за заразни болести. Со предложените мерки, според КСС, се кршат основните човекови права и се бара Владата да размисли пред да ги донесе. – Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести на чело со министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот на Комисијата, трошоците за ПЦР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80.000 вработени во…
На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски, изјави на прес-конференцијата, пратеничка на СДСМ Славјанка Петровска. – Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, истакна Петровска. Од СДСМ прашуваат дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец. Од таму додаваат дека според информациите во медиумите се споменуваат…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Бајрам Бегај, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за билатералната воена соработка меѓу двете држави, при што беше нагласено дека постои потенцијал за нејзино унапредување во следниот период. Како успешен пример на соработка, соговорниците ги истакнаа учествата на двете армии во заеднички вежбовни активности, со што се зајакнува интероперабилноста и се подигнува нивото на обученост и подготвеност на припадниците на армиите. Тие изразија надеж дека соработката помеѓу двете армии во иднина ќе се продлабочува и ќе го…
Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања дали би можел да се најде во реконструкцијата на Владата, вели дека за тоа прашање допрва треба да се разговара и оти не се оптоварува дали ќе биде опфатен од најавената реконструкција. – Треба да работи, да остане да работи тој којшто се пронаоѓа себеси во министерската работа без разлика за кој ресор, тој којшто покажал резултати. Евидентни се критериумите за успех во работата, и тоа го прави премиерот. Така што не се оптеретувам со тој дел. Сепак сме фокусирани во овој дел што е значајно менаџирање на ова што сега…
Приведени се три лица од гостиварското село Врбен кои се сомничат дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70). Кај нив биле пронајдени најголемиот број од украдените предмети кои ќе му бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Буџетот на Министерството за економија за 2022 година е предвидено да изнесува 1,24 милијарди денари од кои 151 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 733 милиони денари за капитални расходи, што е за скоро четири пати повеќе споредено со 2021 година, а 214 милиони денари за субвенции. Со предложениот буџет за 2022 година, како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, се обезбедува поддршка и развој на малите и средни претпријатија, подобрување на деловната клима и зголемување на конкурентноста, поддршка и развој на енергетиката, поддршка на туризмот и угостителството, раст на инвестициите во…