Author: Ivana

Неопходно е сите релевантни чинители во државата да градат предвидлив бизнис амбиент, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески. На средбата соговорниците разговараа за состојбите во државата во однос на обемот на странски директни инвестиции, како и за последиците во оваа област од корона пандемијата. Директорот Павлевски го информираше претседателот Пендаровски за тековните и најавените странски инвестиции кои, како што рече, ќе придонесат за нови вработувања. Претседателот Пендаровски, пак, ја нагласи важноста од континуираната проактивност и партнерски однос на Северна Македонија со странските инвеститори.

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски“, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата најпрвин започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди…

Read More

Основното јавно обвинитечство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица – петмина мажи и една жена, за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство. Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана…

Read More

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2021 година изнесува 4 978 219 000 денари и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 0,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 3,6 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 4,3 отсто. Зголемување е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и алкохолните пијалаци, а кај другите земјоделски производи е забележано намалување. 

Read More

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги повика сите на Балканот кои немаат пристапено во „Отворен Балкан“, вклучително и Косово, да се приклучат на иницијативата, истакнувајќи дека поканата е постојано отворена, јави дописникот на МИА од Белград. – Граѓаните кои живеат во регионот ќе имаат неверојатна корист од оваа иницијатива, кажа Брнабиќ, одговарајќи на прашања на 101. Роуз-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, „Евро-атлантска интеграција, партнерство за мир и натамошни чекори во справувањето со преостанатите предизвици во Западен Балкан“, што се одржува во Собранието на Србија. Брнабиќ изјави дека Србија им дава „полна поддршка“ на Северна Македонија и Албанија…

Read More

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Имено, на 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата…

Read More

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука.   Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија. Попладнево министерот за здравство д-р Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо…

Read More

Министерството за финансии преку нови финансиски инструменти – развојни, зелени, проектни обврзници и обврзници индексирани со инфлацијата, ќе го финансира дефицитот на Буџетот за 2022 година што е проектиран во износ од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е помал за 2,2 проценти од БДП во споредба со предвидениот со Ребалансот на Буџетот за 2021 година. Тоа, како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во експозето за Предлог-буџетот за 2022 година на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, се должи пред сѐ, на големото кратење на тековните буџетски расходи. – Во 2022 година…

Read More

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања кои учествуваа во вториот круг на гласање дека се должни до ДЗР во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за вториот круг на гласање односно до 18 ноември 2021 година (четврток) да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на вториот изборен круг согласно член 84-б став 1 од Изборниот законик. – Напоменуваме дека согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик Државниот завод за ревизија има…

Read More

Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да избереш својата земја да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, на патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот, кој е спротивен на стратешките насоки, изјави денеска претеникот Кастриот Реџепи. Реџепи, на прес-конференција со Собранието, им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди заедно со своите стратешки сојузници. – За…

Read More

Во 2022 година економскиот раст во земјата се очекува да се забрза и да изнесува 4,6 отсто, бруто-инвестициите да се зголемат за 8,5 проценти на реална основа и да бидат значаен фактор за растот, додека потрошувачката се очекува да се зголеми за 3,1 отсто, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Бесими кој пред членовите на Комисијата го образложува Предлог-буџетот за 2022 година, истакна дека се очекува годивата да ја завршиме согласно проектираниот раст на БДП од 4,1 отсто со можност за негово надминување. -Во 2022 година ќе имаме развоен буџет. Неговите четири основни…

Read More

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година. Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи биџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. -Поднесовме околу 220 амандамни преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина, изјави Стојаноски, додaвајќи дека тие се произлезиени од потребите и барањата на граѓаните и…

Read More