Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата

0
By Ivana on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 12:23

Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да избереш својата земја да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, на патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот, кој е спротивен на стратешките насоки, изјави денеска претеникот Кастриот Реџепи.

Реџепи, на прес-конференција со Собранието, им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди заедно со своите стратешки сојузници.

– За да нема било какви сомнежи, јас Кастриот Реџепи, сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја Република Северна Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето на доверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде по правец кој е спротивен на моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока, која ни ја задале граѓаните, изјави Реџепи.

Не е лесно, нагласи Реџепи, да имаш суштински разлики во ставовите со своите сопартијци.

– Но, кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторлива шанса да ја започне својата нова европска приказна, тогаш и срцето и умот велат „да, Кастриот, некогаш некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, овојпат тоа си ти“, изјави Реџепи.

Тој изрази надеж дека во деновите пред нас разумот ќе надладее и ќе се работи на решавање на проблемите на народот.

– Верувам дека се можни мостови меѓу нас, различните од демократскиот блок и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на решавање на проблемите на нашио народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ. Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство и брза реконструкција на владата и многу, многу работа, изјави Реџепи.

Тој потенцираше дека додека не добие официјална одлука од партијата, врз основа на статутот на партијата, дека е исклучен, останува член, потпретседател на партијата, пратеник и координатор на групата пратеници на Движењето БЕСА во парламентот.

Прашан дали би влегол во коалиција со Зоран Заев, Реџепи рече дека моментов движењето БЕСА е во коалиција со Зоран Заев, со СДСМ, со ДУИ и со ДПА.

– Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува. Исклучување на коалиции врши Централниот одбор, кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинстото, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука. Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција, изјави Реџепи.

Прашан зошто не можел да дојде во Собранието на гласањето на доверба на владата, Реџепи, рече дека првично мислел да присуствува на собраниската седница и да земе збор и да гласа против, но дека се уште не сме скандинавска земја и демократија.

– Но, проценувајќи ја целата состојба, со тоа што се знаеше дека немаше да присуствуваат пратеници од мнозинството ќе бев, единствениот пратеник внатре, кој требаше да гласа против нешто, против една еуфорија, која се одвиваше брзо како на филмска лента, јас не бев сигурен за мојата сигурност, интегритет, па и етика, дека немаше да бидам цел на вербални напади, па и да не зборам на физички, изјави Реџепи.

Во однос на својата безбедност, Реџепи рече, дека во текот на денот додека му биле исклучени телефоните добивал пораки, кои се пријавени во институциите, и по проценка, а не на негово барање добил обезбедување.

– Пораките се пријавени. Не можам да ви кажам име и презиме, бидејќи е процедура и не сакам да наштетам на процесот. Се консултирав како треба да постапам и постапував по нив, зборувам за пораки со закани по живот, да не зборувам за други пораки и притисоци, изјави Реџепи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Реџепи рече дека немал средба со холандскиот премиер Марк Руте, за време на неговата посета на нашата земја. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.