Author: Ivana

Цената на електричната енергија секако ќе расте, истакна директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач по средбата во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и препорача земјава повеќе да инвестира во обновливите извори на енергија (ОИЕ) и во зголемувањето на енергетската ефикасност (ЕЕ). На средбата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, разговарале за случувањата во електроенергетскиот сектор и го информирале Копач за последните случувања на пазарот на електрична енергија и мерките што се преземени од останатите државни органи. Во изјава за медиумите, Копач посочи дека кризата со електричната енергија е на глобално ниво и дека во една ваква…

Read More

На фан страната на фејсбук на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи се појави видео од пратеникот кој од утрово е недостапен. Тој на почетокот се заблагодарува за поддршката и вели оти сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите. – Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски е непријатно изненаден од изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која неговата средба со претседателот на САД, Џо Бајден ја нарекува ТикТок средба. – Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби, ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски. Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница…

Read More

СДСМ и парламентарното мнозинство во континуитет покажуваат дека се на страната на работниците, се наведува во партиаското соопштение. Оттаму, целосно го разбираме барањето на Сојузот на синдикати за деблокирање на законите кои се во интерес на работниците. Работниците со право бараат заштита, а СДСМ и стабилното парламентарно мнозинство се единствената опција за заштита на работничките права. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни барањата на синдикатите и работниците. За недела неработен, за повисока минимална плата, единствено решение е ново парламентарно мнозинство и Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период. Блокадите и опструкциите на опозицијата…

Read More

Се отвораат многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во Парламентоти и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓам изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски пред Собранието по прекунувањето на собраниската седница за гласање доверба на Владата. – Ќе чекаме до 12 да се појави пратеникот. Треба најпрво да видиме дали е жив, здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонскиот и албанскиот, порака на социјалните медиуми друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде мимо своја волја или е доброволно…

Read More

Претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села попладнево пред Собранието изјави дека собраниската седница за доверба на Владата се уште не е завршена и оти до полноќ може да продолжи во секој момент, кога ќе се обезбедат услови. Најважно во моментот, како што рече тој, е да се дознае каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Села рече дека не може да каже дали Реџепи е безбеден или не, но загрижен е поради фактот дека има само една негова објава на Фејсбук. – Не знаеме каде е еден пратеник, каде се наоѓа. Тоа го кажувам од човечки аспект. Сите без…

Read More

Градоначалникот на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека сред енергетска криза треба да се почне со штедење на средствата на скопјани, а парите да се трошат наменски и на приоритети. Одговарајќи на новинарско прашање за раскинатиот договор за новогодишно украсување на главниот град, Арсовска рече дека наишле на голем број предизвици кои, како што рече, неопходно е да се разрешат во првите 100 дена од почетокот мандатот. – Сакаме да ги прекинеме сите ненаменски или пак сите трошења кои не се соодветни, односно кои граѓаните сметаат дека не треба да се прават, а до овој момент биле правени од буџетските…

Read More

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. – Имено, постои основано сомнение дека осомничениот жител на Свети Николе, во текот на 2021 година, на земјоделска површина во селото Стањевци, неовластено произвел наркотична дрога – марихуана. Во октомври годинава ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на неговиот татко. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициските службеници пронашле вкупно 834,2 грама…

Read More

Полицискиот службеник е прогласен за виновен и осуден на една година казна затвор за сторено кривично дело Малтретирање при вршење на служба. Иницијативата Аваја на својот фејсбук профил велат дека е донесена пресуда по постапување во случај на полициска бруталност. – Невзат ја доби правдата. Аваја активно дејствуваше во текот на целата година со јавно говорење, соопштенија во јавност, протест и целосно следење на случајот, пишуваат од иницијативата. Мрежата за заштита од дискриминација континуирано реагира и бара активно преземање на мерки за стопирање на полициската бруталност, а жртвите соодветно да добијат правда. Станува збор за случајот во Битола, во кој…

Read More

Проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот. Му беше врачена денеска, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, а му се доделува како признание за објавени  најголем број научни публикации индексирани во базата на „Web of Science“ во изминатата деценија (2011-2020) и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство. Професорот Гушев изјави дека во 2012 добил награда „Научник на годината“ и тоа за него, рече, претставувало голем предизвик и поттик да работи понатаму.…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО)  соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа се зголемил за 10 отсто во изминатата недела, што ја прави единствениот регион во светот каде Ковид-19 и смртните случаи се во постојан пораст, јави Анадолија. Ова е шеста последователна недела по ред како вирусот се шири низ целиот континент. Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека има околу 3,1 милиони нови случаи ширум светот, што претставува зголемување од околу еден процент во однос на претходната недела. Речиси две третини од заразените со коронавирус – 1,9 милиони – беа во Европа, каде…

Read More

Пласманот на кошаркарската репрезентација во полуфиналето на Европското првенство во Литванија се овековечи со документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ кој денеска го промовираше Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) и продукцијата „ТриСтар“. На денешната прес-конференција по повод промоција на филмот, Сотир Сотировски од продукцијата „ТриСтар“, информираше дека документарниот филм е изработен во две продолженија, а на него работела една, како што кажа, „млада, мотивирана, искусна екипа. – Идејата за филмот доаѓа од уредникот на порталот за кошарка „Кош.мк“, Љубомир Ошавковски и останатата екипа, а со несебична поддршка на Олимпискиот комитет на…

Read More