Author: Ivana

Протестот на жителите од село Сирково е ставен во мирување по денешната средба во Скопје со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Протестот започна во понеделникот, со блокада на патот кон селото, а се бара приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп и целосно асфалтирање на приодите кон селото оштетени со градбата на патот, откако ќе заврши неговата изградба. Веле Коцев, претседател на месната заедница која  има над 500 жители, информираше за МИА дека денеска имале средба со министерот Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и претставници на МВР. – Договорено е протестот да биде ставен во…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ. – Не, не размислувам во таа насока, кусо одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за КОВИД-состобата во земјава. На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница од која поминаа два месеца, Филипче рече дека тоа е е прашање за Обвинителството.

Read More

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика одржа работен состанок. На состанокот кој го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се дискутираше за предложените измени на менито на детските градинки. Членовите на работната група, констираа дека е важно оброците да имаат енергетска и нутритивна вредност соодветна на возраста и потребите на децата. Во таа насока повикувајќи се на направените анализи на храната и нејзините нутритивни вредности   тие сметаат дека промените во исхраната во детските градинки се неопходни. Работната група препорачува зголемен внес…

Read More

Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, започна исплата на парични средства за јули, август и септември 2021 година, односно третото тромесечие.  Од Управата за јавни приходи за Нова ТВ велат дека согласно член 8 од  Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица,   врши враќање на данокот на трансакциска сметка на физичкото лице по службена должност во  рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. – Согласно наведеното, Управата за јавни приходи започна со реализација на исплатата на дел од данокот на додадена…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило три кривични дела – Разбојништво и тоа две согласно член 237 став 4 и едно согласно член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во два наврати, на 24 февруари и на 8 мај, осомничениот извршил разбојништва во иста спортска обложувалница на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Се преправал дека пополнува ливче, по што станувал од масата и со нож им се заканувал на вработените за да ги принуди да му ги дадат парите. Првиот пат одзел 21.918 денари, а вториот пат…

Read More

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но Филипче лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација. Министерот информираше и дека денеска е испратено писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти. -Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок.…

Read More

Во врска со епидемиолошката состојба,  земјава бележи зголемување на заболени од ковид 19 во последните две недели. Бројот е зголемен за 25 проценти, за разлика од претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување. – Ваквиот раст е очекуван, силе удар има и кон болниците исто како и во регионот. Во однос на хоспитализацијата, исто така е забележан раст за 15 проценти. Сега се хоспитализирани 518 пациенти после долг период на територијата на цела држава, а добро е што нема…

Read More

На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор на СДСМ се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи оставката, истакна претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека на седниците во конструктивна и демократска атмосфера е разговарано за сето она што претставува реална состојба во државата во моментов. Прашањето за резултатите од локалните избори секако дека во иднина ќе се отвори, но во моментов има поважни прашања и затоа ЦО препорача Заев да ја одложи…

Read More

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, денеска најави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во Северна Македонија и најави отварање на редакција на Блумберг Адрија за бизнис вести во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. -Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија во Северна Македонија, изјави Лучиќ гостувајќи на ТВ Прва. Тој додаде дека првата експозитура во Северна Македонија ќе биде отворена во центарот на Скопје. Во денешното интервју за Ало, директорот на Телеком Србија зборуваше и за неодамна официјално објавениот договор со Блумберг за отворање на…

Read More

ТИРЗ се претстави на петнаесеттиот конгрес на автомобилската индустрија во организација на престижниот германски магазин „Аутомобилвохе“ на кој се среќаваат водечките луѓе од автомобилската бранша. На конгресот во Лудвигсбург, ТИРЗ го презентира новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за инвестирање во Северна Македонија. На штандот на ТИРЗ посетителите изразија посебен интерес за новиот пристап на индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата кој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови, но и за новиот Стратешки зелен инвестициски фонд кој треба да поттикне забрзан раст и дигитална трансформација. На дводневниот настан, кој се одржувана 09 и…

Read More

Раководството на МВР продолжува со несмален интензитет да реконструира објекти на полицијата на територијата на целата држава, со цел подобрување на условите за работа на полициските службеници, што претставува дополнителна мотивација за вработените успешно  и навремено да ги извршуваат работните задачи и да испорачуваат резултати, а граѓаните да добиваат навремени и квалитетни услуги, соопшти  МВР. Денеска беше промовирана мапа на реконструирани објекти на МВР низ државата, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека за само неколку години, од 2017 година до 2021 година, целосно завршени се 62 објекти на МВР на територијата на целата држава. – Од…

Read More