Author: Ivana

Движењата кај основните макроекономски параметри се главно во рамките на очекувањата, а последните проекции не упатуваат на поголема промена на макроекономската слика во споредба со претходните оцени. Неизвесноста од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму постои, додека ризиците се поизразени и главно надолни, затоа Народната банка (НБ) продолжува со внимателно следење на движењата и ризиците од домашното и надворешното окружување, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика. Ова е главниот заклучок на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на која беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната…

Read More

По повод  Меѓународниот ден на науката – 10 Ноември, Министерството за образование и наука соопшти дека гради систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката и дека државата презема конкретни чекори и посветува огромно внимание на развојот на науката, истражувањето и иновациите како клучни носители на севкупниот општествено-економски напредок и еден од основните услови за интеграција во Европската Унија. – Во таа насока е и зголемувањето на процентот од БДП што се одвојува за науката и во континуитет се зголемува секоја година. Ако во 2018 година беа одвоени 252 милиони денари за наука, во 2019 – 295 милиони денари,…

Read More

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. – Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари, велат од МВР. По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.

Read More

Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески вели дека работат со загуби и оти дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци. – Исполнетоста на хотелите е минимална, помалку и од пет отсто во просек. Тоа, добро знаеме се должи на пандемијата со Ковид –…

Read More

Мерките од Планот за борба против корупција се реализираат според предвидената динамика и институциите постапуваат според задолженијата во зададените рокови, порача вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната владина седница на којашто беше презентиран степенот на реализација на Планот за борба против корупција. Откако е усвоен Планот, односно за осум месеци, реализирани се најголем дел од мерките. Во однос на мерката „Екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство на РСМ и истражните центри во склоп на основните јавни обвинителства“, се подготви анализа за просторните услови, човечките ресурси и неопходните средства за…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане. Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса Блерим Сејди, во Брвеница ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски, во Студеничани ДПА Азем Садики, во Старо Нагоричане Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ Жаклина Јовановска. Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК.

Read More

Полициски службеници лишиле од слобода жител на Свети Николе поради сомнение дека извршил седум тешки кражби по куќи, информира Министерството за внатрешни работи.– Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе вчера го лишиле од слобода А.Б.(33) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека во претходниот период од куќи на подрачјето на Свети Николе извршил седум кривични дела „тешка кражба“, при што одземал разни предмети. Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, појаснуваат од МВР. По целосно документирање на случаите, против А.Б. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Read More

Затвор од 15 години за полов напад врз дете, пресуди Основниот суд во Кавадарци, информираа попладнево од Судот, со објава на нивната официјална Фејсбук страница. -Поради интересот на јавноста, Основниот суд Кавадарци известува дека петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Лазар Нанев, како претседател на кривичниот совет, спрема обвинетиот В.Т. за кривично дело ‘Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години’, по член 188 став 1 вв член 45, донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор од 15 години, соопштија од Судот.

Read More

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Read More

Шефик Дураку од Алијансата за Албанците во последната негова објава на социјалната мрежа фејсбук го нарече кловн претседателот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев кој не може да ги загрози интересите на НАТО, пишува opinionshqip.live. Ова е уште еден обид на претставниците на Алијансата да ја релативизираат соработката што ја имаат со овој субјект познат по своите антиалбански и анти-НАТО ставови, овојпат навредувајќи го лидерот на овој ентитет. Во продолжение ви го пренесуваме фејсбук статусот на Дураку:

Read More

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето Б.К(.64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Уништување на изборен материјал“. Како што информираше портпаролот Стефан Димоски, Б.К. на 31 октомври 2021 година околу 7,45 часот на избирачко место лоцирано на улицата „4-ти Јули“ – Кичево, откако претходно го остварил своето избирачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче. По добиениот одговор дека тоа не е возможно, пријавениот го искинал гласачкото личве и го напуштил гласачкото место.

Read More

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средтсвата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила. На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на…

Read More