Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговарало за унапредување на билатералната одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, која, како што стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски, сега е на задоволително ниво, при што било изразено и очекување за јакнење на оваа соработка, преку отворен и конструктивен дијалог за прашањата од заемен интерес. Во контекст на соработката во НАТО, како две полноправни членки и соседи, шефот на државата и министерот Пелеши, констатирале дека усогласувањето на ставовите меѓу двете држави е…
За 2022 година планираме развоен Буџет, со повисоки капитални инвестиции од дефицитот, и насоченост на парите според политики што ќе дадат поголем ефект кај граѓаните, бидејќи тоа се пари на граѓаните, што значи дека ќе се добие „вредност за парите, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими. Целта на овој Буџет, како што нагласува тој, е остварување повисоки стапки на раст и подобар животен стандард за граѓаните. Според него, во Буџетот веќе се планирани најавените инструменти предвидени во Планот за забрзан економски раст, кои што треба да мобилизираат средства од приватниот сектор, при што и граѓаните ќе можат да учествуваат во реализацијата…
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека се интензивираат постапките за зголемување на државните капацитети за производство на електрична енергија. Од тетовското село Прељубиште тој информираше дека денеска надлежната Комисија ја донесе формалната одлука која ќе биде предложена до Владата за прогласување енергетска кризна состојба. -РЕК Битола работи со два блока и има залихи за да може да работи и наредните денови. Веќе завршена е постапката за ставање во функција на „Осломеј“ со што ќе се зголеми капацитетот на производство на ЕСМ во нашата држава. Денеска имавме прилика да разговараме и со раководството на ЕСМ и со раководството на МЕПСО, веќе…
Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока СДСМ разговора со сите партии коалициски партнери, кои потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија поддршка на Владата од оваа парламентарно мнозинство, соопшти Социјалдемократскиот сојуз. – На Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување, се додава во соопштението. Од партијата информираат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.…
Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија, изјави денеска лидерот на ДУИм Али Ахмети во Собранието. Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино. – Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз…
Белградска Црвена ѕвезда ја очекува драконска казна од УЕФА, по серијата инциденти што нејзините навивачи ги предизвикаа по натпреварот во Лига Европа против дански Митјиланд. Српскиот тим загуби со 1-0, а натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Милош Дегенек и Марко Гобељиќ. Разочарани од поразот на својата екипа, навивачите на Ѕвезда на патот кон соблекувалната фрлаа тврди предмети кон унгарскиот судија Тамаш Богнар, а притоа еден од предметите го погоди во главата помошникот тренер на белградскиот клуб, Италијанецот Федерико Панончини. Тој со повреди на главата итно беше пренесен во болница, а поради инцидентот тренерот на Црвена ѕвезда…
Почнаа преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“, информираа за МИА од Министерството за здравство од каде посочија дека навремено ќе информираат во врска со набавката на лекот. Лекот „Молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, посочија од Министерството. Во врска со тоа дали се планира воведување нови мерки, бидејќи е во пораст бројот на активни ковид случаи, од Министерството истакнаа дека Комисијата за…
Со доаѓањето на зимата, расте стравот и загриженоста на родителите како да се спречи ширењето на коронавирусот во училиштата. Тие бараат наставата да продолжи да се одвива онлајн за учениците, бидејќи како што велат, постојано расте бројот на заболени од вирусот. – Училиштата константно имаат ученици заболени од корона вирусот. Освен тоа, училиштата немаат средства за хигиена, па самите родители сме приморени да купуваме, вели родител кој сакаше да остане анонимен. Од фејсбук иницијативата “Поддршка за онлајн настава” се обратија и до министерката Царовска, министерот Филипче како и до Комисијата за заразни болести. – Голем дел од децата и наставниот…
Сите вакцинални пунктови низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден, информираат од Министерството за здравство. – Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден, велат од Министерството за здравство.
Одложено рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што потврдија од Основниот кривичен суд – Скопје за МИА, обвинетиот Стевчо Јакимовски, до Судот приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација. Од Судот дополнуваат дека поради заштита од ширење на коронавирусот, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 23 ноември. Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице – градоначалник, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба…
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. – Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица од кои едното е осомничено дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека за другото постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Лажно претставување согласно член 391 став 1 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, лажно прикажал факти согласно кои наводно поседувал информации дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. – Притоа, од еден од наводно осомничените во таа…