Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Група од 131 граѓанин на Авганистан синоќа пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Влдата. Од таму велат дека се работи за вработени на Обединетите Нации за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации. Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои…
Полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, вчера во 17.00 часот на ул.„23 Октомври” во Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје. Од МВР денеска информираа дека за него била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
Како последица на лошите резултати на локалните избори, Претседателот и воедно член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески поднесе оставка од неговата функција. -Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, напиша Сугарески на својот Фејсбук профил. -Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.
Иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција. Отворен Балкан значи дека границите ќе бидат помалку значајни и дека ќе се искористи потенцијалот за зголемување на економскиот раст, кој со поголемата стабилност се аргументи во прилог на евроинтеграциите, изјави вицепремиерот Никола Димитров на новинарско прашањ на прес-конференцијата по состанокот на иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. -Убеден сум дека иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција, кажа Димитров одговарајќи на прашањето дали мисли дека Отворениот Балкан на некој начин е „затворена ЕУ“ за Северна Македонија и Албанија, бидејќи на тие две земји им е блокиран датумот…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека моментално стапката на пренесување на Ковид-19 во Европа е „многу загрижувачка“ и дека континентот е „повторно во епицентарот“ на заразата. СЗО предупреди дека може да има уште половина милион смртни случаи од Ковид-19 во Европа во февруари. „Повторно сме во епицентарот“, рече директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција. Според него, сегашната стапка на пренос во 53 земји во европскиот регион е „многу загрижувачка“. Зголемувањето на бројот на заболени СЗО го објаснува со недоволната вакцинација и олабавувањето на епидемиолошките мерки. Според СЗО, бројот на хоспитализации поврзани со Ковид-19 за една…
Актуелности поврзани за високото образование на државните универзитети во земјава во функција на образовниот процес во услови на пандемија, практицирање на автономијата, финансиско процесирање и студентски предизвици – беа темите на јавната расправа организирана од Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. На средбата, за којашто информира Министертството за образование и наука, учествуваа претседателот на Советот, проф. д-р Тодор Серафимовски, ректорите на сите државни универзитети и министерката за образование и наука Мила Царовска. Министерката истакна дека имале можност да дебатираат за важни прашања од сферата на високото образование, за кое сите заеднички стремат да го направат што поквалитетно, подобро…
Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Министерството за култура, со Одлука бр. 08-12751/1, го продолжува рокот за поднесување пријави на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за електронско поднесување на пријавите се продолжува до 11.11.2021 година, до 12:00 часот. Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес…
Навивач на англиската фудбалска репрезентација кој емитуваше видео стрим на својот Фејсбук профил додека во живо испраќаше расистички навреди кон репрезентативците Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сако по финалето на ЕУРО2020, е осуден на казна затвор од десет недели. Цел на навреди на 52-годишниот Џонатон Бест беа тројцата англиски фудбалери, кои биеја непрецизно од белата точка во пенал серијата против Италија на лондонски „Вембли“. Бест е осуден од страна на лондонскиот Суд за прекршоци, откако призна дека е виновен за испраќање навредливи или непристојно пораки преку социјалните мрежи, соопшти Британското државно обвинителство (ЦПС). – Додека мнозинството од нацијата беше…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ), регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Ананд, како и претставници на институтот од Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на НДИ во Република Северна Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи. -Претседателот Пендаровски се заблагодари за соработката и поддршката од НДИ за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата…
Заменикот амбасадор на Норвешка, Геир Јохансен, на работниот состанок во Судскиот совет ја извести претседателката Павлина Црвенковска дека владата на Норвешка е подготвена да додели грант со цел да се направи функционален информациски систем за автоматско управување со судски предмети, познат како АКМИС систем. Според планот, целиот проект ќе трае неколку години, но искуството на Норвешка покажало дека системот е целосно функционален, безбеден и лесно се управува. Системот е веќе интегриран во неколку држави и Норвешка преку заменик амбасадорот пренесе порака дека позитивните искуства сакаат да ги споделат и во Северна Македонија. Покрај финансискиот дел, судската управа на Норвешка е…
Раст на македонската економијата од четири отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан. -Закрепнувањето е во тек во Северна Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство, иако се уште е на релативно ниско ниво во споредба со другите регионални економии. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, во тандем со увозот, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ. Се…