Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, победи на овие локални избори како независен кандидат пред неговиот противник Оливер Илиевски од редовите на СДСМ. Дури и кандидатот на СДСМ го призна поразот, каде што се очекува негова изјава.
Денеска се одржаа фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните денеска излегоа на гласање и дадоа правец каде ќе се движат државата и општините во следните четири години. Каков ќе биде правецот, ќе видиме од резултатите од гласачките места,рече на пресконференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. – Денеска победи демократијата, победи слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Не успеаја обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги компромитира изборите, таквите режимски методи врз слободната волја беа откриени и по нив постапуваат надлежните институции, рече Кузеска. Според неа, Ѓорче Петров, Кочани, Македонска…
Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори. Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу шест проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ, пред Беким Сали од АА/А, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ и во Карпош води Стевчо Јакимовски од ГРОМ пред…
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, во целост го следеше изборниот циклус и даваше насоки за итно постапување до основните јавни обвинителства и за преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик. „Она што можеме да го констатираме е дека во текот на овој изборен ден во вториот круг од локалните избори до Комисијата и до обвинителствата…
Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат од ДУИ, Теута Арифи денеска своето право за гласање го оствари на гласачко место 1946 во ООУ „Истигбал“ во Тетово. – Денеска е еден многу важен и убав ден, е ден кога со вториот круг на гласање одлчуваат кој ќе го води нашиот град. Тоа што е најважно и најважен е тој факт да изборите поминат во добра атмосфера во една слободна и демократска атмосфера за да сите граѓани масовно го даваат својот глас и својата поддршка. Апсолутно сум убедена дека граѓаните знаеле и ќе знаат да ценат работата што е вршена за…
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со неговата сопруга Надица Димитриевска, денеска го остварија своето право на глас за вториот круг од локалните избори во Куманово. „Го остварив своето право и гласав. Кумановци нека одлучат за иднината на Куманово! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат“, рече Димитриевски.
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на вечерашната прва прес конференција по затворање на избирачките места, порача дека граѓаните на црната кампања на власта одговориле со масовна излезност. – Ние ќе продолжиме да настапуваме во интерес на сите граѓани во оваа држава. Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за волјата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Власта на Зоран Заев во полно светло го покажа своето недемократско лице. Видовме како изгледа власт која паѓа, власт која ги злоупотребува сите државни полуги само за да ги…
Своето избирачко право, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска го ствари во кичевското село Зајас. Тој истакна дека гласањето се одвива многу добро и посочи оти овие избори се вистински тест за зрелоста на нашата земја. – И на овие избори треба да потврдиме дека сме земја подготвена да стане членка на Европската унија. Процесот на гласањето се одвива според планираното. Ние сме земја што е на врата да ги започне преговорите со ЕУ, а овој процес помага за пoтврдување на нашите вредности како држава. Се надевам дека секоја партија на крај ќе ги прифати остварените резултати…
Верувам дека успеавме да го оствариме своето лично право да го дадеме својот глас за каква сакаме да биде иднината на Скопје, во првиот круг водев со 8.000 гласови, а во вториот ќе биде поголема бројката на оние лица, кои ќе ја поддржат визијата за модерно Скопје, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, откако го оствари своето право на глас во избирачкото место во општина Ѓорче Петров. Арсовска потенцира дека изминатиот период наместо натпревар за подобри идеи и визии, била присутна црна кампања, која, како што рече, имала за цел да омаловажи. -Она што ја…
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ по денешното гласање на избирачкото место во СУГС „Георги Димитров“ во Тафталиџе порача дека гласањето е празник за демократијата. -Гласањето е нешто кога луѓето одлучуваат во кој правец сакаат да се движат, во конкретниот случај градот Скопје. Имајќи предвид дека меѓу двата изборни круга успеавме до граѓаните да допреме со концепт, континуитет и развој на нашиот град. Излезноста е поголема од првиот круг, а јас сум убеден дека скопјани со масовното излегување ќе одберат градот да се движи во континуитет, развој и храбри потези…
Излезноста до 18:30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година изнесува 48,88%, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Вкупно, до 18:30 часот, гласале 555 943 гласачи. Најголема е излезноста во Кочани, 81,2%. Најниска е во Сарај 28,12%. При гласањето во првиот круг, излезноста во 18:30 часот беше 48,99%. – Имавме успешен и мирен ден, со изолиран број на инциденти. Имавме гласање фер и демократско, каде виддовме дека уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно, освен во неколку случаи сабалје… Сметам дека треба да причекаме сега да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно, истакна…
Вооружени лица кои се идентификувале како талибанци ги нападнаа присутните на свадба во источен Авганистан за да ја запрат музиката, убивајќи најмалку две лица, а раниле десет други, соопштија официјални лица. Портпаролот на талибанците изјави дека двајца од тројцата вооружени напаѓачи се уапсени, но тој негираше дека тие дејствувале во нивно име, пренесува Би-Би-Си. Музиката беше забранета кога талибанците владееја со земјата од 1996 до 2001 година. Новите власти се уште немаат донесено таков декрет. Очевидец изјави за Би-Би-Си дека четирите двојки се венчале на заедничка венчавка во областа Сурк Род во провинцијата Нангархар во петокот. Тие добиле дозвола од…