Author: Ivana

Правото на глас, денеска на ден пред изборите, го искористија 6710 од вкупно пријавените 7645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК. На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи. Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5588, гласаа 5287, а во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористија 212 лица. Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради КОВИД-19, во своите домови пријавени беа 376, а гласаа 268 лица. Гласањето секаде, според информациите…

Read More

Шефовите на држави и влади на Г-20 денеска одобрија историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем кој треба да стави крај на даночните раеви со воведување минимален корпоративен данок од 15 отсто за мултинационалните компании. „Сите претседатели на земјите на Г-20 денеска одобрија историски договор за нови меѓународни даночни регулативи, вклучително и минимален меѓународен данок, кој ќе стави крај на конкуренцијата во даночните намалувања кога станува збор за оданочувањето на компаниите“, изјави преку соопштение американската министерка за финансии Џенет Јелен. Новите правила треба да стапат на сила во 2023 година, а официјално ќе бидат потврдени во завршната изјава на…

Read More

Не се смирува тлото во Албанија, во пограничниот дел кон Северна Македонија, во близина на Дебар. По вчерашните серија земјотреси, попладнево во временско растојание од неколку минути беа регистрирани два потреса со епицентар во Булќиза, 30-ина километри од Дебар.  Месотото припаѓа под околија Пешкопеја и се нарекува и Долни Дебар.  Во 14:25 часот е регистран земјотрес со јачина од 3,2 Рихтерови степени, на длабочина од два километра. Набргу потоа е регистран уште еден потрес со послаба јачина. Поради близната, и овие потреси повторно ги вознемирија дебрани. По вчерашниот земјотрес во 8:10 часот, кој беше со јачина од 4,5 степени, тие ги…

Read More

 Сириските државни медиуми објавија дека воздушната одбрана на земјата одговорила на ракети истрелани од Израел во правец на предградијата на главниот град Дамаск. Израел изведува напади врз Сирија најмногу во текот на ноќта, а денешното ракетирање следеше откако земјата неодамна ја обвини еврејската држава дека ја напаѓа нејзината јужна територија, исто така без да даде детали. Израел во последните години изврши стотици напади врз воени цели поврзани со Иран во Сирија, но ретко преземаше одговорност за таквите операции. Израелските лидери рекоа дека се цел на базата на сојузничката милиција на Иран, како моќниот либански екстремистички Хезболах. Израелската армија напаѓа конвои…

Read More

Видео снимки од изборниот поткуп на жители од населбата Геге во скопската општина Ѓорче Петров, објавија дел од медиумите. На снимките се гледа како во двор од куќа, група жители од населбата, носат лични карти, и се прават копии од нивните лични документи, им биле давани пари и им кажувале за кого утре треба да гласаат. Полицијата денеска информираше дека од оваа населба уапсени се две лица осомничени за изборен поткуп. ,,На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети“ се вели во…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и…

Read More

Г.З. (59) и  А.С. (63) од Скопје денеска околу 14 часот се приведени во скопската населба Даме Груев бидејќи давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, соопшти МВР. На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Read More

На вчерашниот ден, петок, 29 октомври 2021 година, нашиот павилјон на Дубаи ЕКСПО, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност, забележа рекордна посетеност од безмалку 5000 посетители. Северна Македонија учествува на најголемиот светски настан за оваа година – ДУБАИ ЕКСПО 2020 со слоганот “Дом на секој чекор”, а под мотото “Нови можности”. Многубројните посетители од над 190 земји во светот имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео…

Read More

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Јавните обвинители  посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање. – Ја известуваме јавноста дека и во текот на изборниот ден, во вториот круг…

Read More

Довербата драстично е опадната во сите земји од Западен Балкан, тие земји веќе и како да не очекуваат каква било помош од ЕУ и се бават со своите проблеми во кои тонат, вели заменик-директорката на влијателниот невладин центар – Европски совет за надворешни односи, Весела Черневано. Таа смета дека сепак, кога Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ, дека целата клима на односите со Унијата ќе се  промени. Според Чернева, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад. Таа во интервју за Бугарското национално радио вели дека земјите од Западен Балкан потонале…

Read More

Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија. Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.​

Read More

Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска. На еден ден пред вториот круг од локланите избори односно денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 7 645 гласачи. На гласачките места во 14 Казнено – поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1409 гласачи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До пладне, како…

Read More