Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Зимското сметање на времето почнува вечерва во 3 часот, па со враќањето за еден час наназад – времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Крушево –…
„Докажавме дека во бизнис секторот гледаме партнери со кои носиме успешни економски политики. Растот на бруто домашниот производ е доказ дека растат и компаниите. Сите политики за развој на економијата, за раст на платите ги донесовме во преговори каде беа вградени мислењата и ставот на компаниите”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба со претставници на бизнис секторот од индустриската зона во Визбегово на која присуствуваа и потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. На средбата со претставници на компании од трговска, производствена и извозна индустрија кои работат во зоната Визбегово, беа…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе препораки и мерки за избирачките одбори за забрзување на постапката за гласање на граѓаните, имајќи ги предвид искуствата од првиот круг на локалните избори. Членовите на ДИК апелираат до политичките партии и кандидатите доследно да го почитуваат Изборниот законик и изборниот молк. Ги повикаа сите граѓани да излезат на гласање, потенцирајќи дека гласањето е тајно, гласачките ливчиња се заштитени со најсовремени технологии и не е можно на ниеден начин да бидат злоупотребени. Членот на ДИК Борис Кондарко потенцира дека врз основа на нивните искуства и анализа на работата на избирачките одбори во првиот круг…
Во текот на вчерашниот ден во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното ОЈО Кочани.
ДУИ првиот круг од локалните избори го оцени како еден од најуспешните избори досега за партијата, со освоените гласови и наметнувањето на зелената агенда, а очекува успех и во вториот круг во Тетово, Гостивар и во општините каде имаат кандидати за градоначалници. За Скопје поддршка даваат на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на СДСМ и Коалицијата, Петре Шилегов. – За нас од ДУИ ова се едни од најуспешните избори до сега. И тука не говорам за постигнатиот резултат од првиот круг со над 120.000 гласови и неколку освоени градоначалнички места, туку за успехот на партијата да наметне една…
Јавниот долг заклучно со третиот квартал падна под 60 отсто од бруто домашниот производ, колку што е определено со мастришкиот критериум на Европската Унија, позиционирајќи се на ниво од 59,3 проценти од БДП, соопшти Министерството за финансии, додавајќи дека ова ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии и во време на пандемијата со Ковид-19. Од Министерството информираат дека јавниот долг во третиот овогодишен квартал забележа намалување од 3,8 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2021 година, односно од 63,1 отсто се намали на 59,3 проценти од БДП. Согласно денеска објавените податоци на Министерството…
Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб порталот да генерираат нов. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на систем, на 28.10.2021, трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле…
Деветнасетгодишник од каменичкото село Цера, денеска во Полициската станица во Македонска Каменица пријавил обид за поткуп за глас, за што, како што стои во полициското соопштение, му биле понудени 1000 денари во партиски штаб во Македонска Каменица. – На 29.10.2021 во 11:50 часот, 19-годишно машко лице од село Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по член 162 став 1 од Казнениот законик на Република Северна Македонија. Имено, според пријавата, тој непосредно пред пријавувањето бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од Македонска Каменица му биле дадени 1000…
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција најави гасификација на болницата и нови уредени површини. Во програмата „Најдоброто за Куманово“, еден од клучните проекти е гасификација на целиот град. Илиевски најави дека општата болница, која опслужува 200.000 пациенти од регионот, веднаш по 31 октомври ќе биде гасифицирана. – Општата болница се грее на мазут и фосилни горива и еден од најголемите загадувачи на Куманово. Во 2017-та година, менаџментот на болницата подготви проект за гасификација и го достави до Министерството за здравство. Проектите за изградба на гасна котлара и надворешен приклучок се комплетно изработени во октомври…
Со Северна Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, при тоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари. – Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални интереси. За жал, раководството на Република Северна Македонија не брза да ги исполни обврските предвидени во Договорот за добрососедство, додаде Јанев, апелирајќи да „престане поттикнувањето омраза кон Бугарија“. Тој нагласи дека Бугарија е заинтересирани да се грижи за македонските граѓани кои имаат бугарско чувство…
Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку видео објава ги повика граѓаните в недела да излезат да гласаат, за како што вели „да потврдат дека општините и таковината продолжуваат напред “. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на претседателот на СДСМ во целост: Недела 31 октомври е важен ден. Пред нас е вториот круг од локалните избори од чиј исход зависи во кој правец ќе ни се движат општините и каква ќе биде нашата иднина. Во недела носиме одлука, дали да продолжиме напред по патот на напредокот или ќе се враќаме назад во мрачното минато на несигурност и неизвесност. Во оваа кампања…