Author: Ivana

Во односите меѓу Србија и Северна Македонија нема посебни проблеми, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за белградска ТВ Н1. Тој воедно наведе дека иако земјите од регионот зборуваат за потребата од соработка, меѓусебните конфликти повремено излегуваат на површина, јави дописникот на МИА од Белград. – Не би рекол дека има некои посебни проблеми. Има разбирање, мислам дека имаме повеќе или помалку заеднички цели. Имаме заедничка историја, минато, сакаме да имаме заедничка европска иднина. Србија тргна по тој пат, ги започна пристапните преговори, за жал ние се уште чекаме и тропаме на таа врата, иако бевме меѓу…

Read More

Кумановската полиција уапси 25-годишен кумановец, кој е осомничен дека крадел апарати за домаќинство и предмети од семејна куќа во Куманово. Како што соопшти денеска СВР Куманово, полицијата ги пронашла укредените предмети кај друго лице. – Вчера во 19:50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р. (25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 20 септември, годинава од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот. Е. Р бил…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38%…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им посака успешна работа на членовите на Одборот за евалуација на високото образование, кои посетуваат обука организирана и поддржана од Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје. Како што соопшти Министертството за образование и наука, овој одбор, кој функционира од почетокот на годината и е првпат формиран во Република Северна Македонија, врз основа на Законот за високо образование и Стандардите и насоките за обезбедување  квалитет во европскиот простор на високо образование, има цел да го унапреди квалитетот на високото образование во нашата држава. – Верувам дека преку оваа соодветна обука ќе ги стекнете потребните…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес учествуваше на меѓународната научна конференција на тема “Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка“, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Во обраќањето, Министерот се осврна на процесите на евроинтеграција и регионална соработка, оценувајќи ги како наша стратешка определба и избор за иднината. Истакна дека целосната интеграција во ЕУ на сите земји од регионот е најрационалното и најлогичното сценарио, што ќе биде во функција на создавање на Унија која ќе егзистира обединета, просперитетна и во мир. “Западен Балкан или како што повеќе сакам да го именувам, Југоисточна Европа не…

Read More

Со реакција на денешната прес конференција на СДСМ се јави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.  Таа потенцираше дека ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го нејзиното најтесно семејство. – Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ најави дека следната година ќе има зголемување на буџетот за судството и обвинителството. Според Маричиќ ќе има зголемување на платите за судиите и обвинителите, но и нови вработувања со цел да се пополни недостатокот од кадар во овие институции за нивно поефикасно работење во интерес на граѓаните. Во однос на прашањата за намалување на судскиот буџет во споредба со 2019 години, министерот кажа дека реално такво намалување нема. – Во однос на констатацијата дека има намалување за околу 8% во Судски буџет во 2019 во споредба со буџетот за 2020…

Read More

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска: Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Целата лажна слика што се обидуваше да ја креира околу себе кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода. Во овој случај, не е важно Даниела како се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Но, проблемот е што Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив. Ако Данела лаже и крие за нејзиното бугарско државјанство, можете да замислите што се друго крие и лаже. Денеска објавуваме нови докази поврзани со овој скандал,…

Read More

Прес-конференција на пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во врска со изнесување нови факти за кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Read More

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај изјави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија. Марки-Зај, во објава на Твитер нагласи дека станува збор за „криминални мигранти населени од (партијата) ФИДЕС“ на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан. – Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС, наведе…

Read More

Полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода  С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка“ калибар 7,65 милиметри, еден сигнален пиштол „гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал. Од МВР денеска информираа дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку видео објава ги повика граѓаните в недела да излезат да гласаат, како што вели и „да ја потврдат шансата земјава да продолжи напред и никогаш да не падне под режим“. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на претседателот на СДСМ во целост: Во недела гласаме. Во недела носиме одлука – ќе продолжиме напред со научените лекции или ќе дозволиме со земјата и со градовите да завладејат неизвесност и опасност? Во недела правиме избор помеѓу искрени политичари, кои не се безгрешни секако, но народни и отворени, или пак, оние другите, политичари без став, со скриени агенди,…

Read More