Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Девојка снимајќи се за на ТикТок си го ризикува живот додека се прекачува преку ограда кај животните во Зоолошката во Скопје. – За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите . Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено. Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај…
„Работнички“ е бренд на Центар, тоа е бренд на градот и мораме да направиме добри услови за спортот за клубот и конечно да се направи онаа нова зграда по решавање на судскиот спор за земјиштето, рече Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во вчерашната дебата во емисијата „Објектив“ на МРТ. Проблемот со „Работнички“ појасни Герасимовски е во тоа што салата е на приватно земјиште коешто е продадено во време на ВМРО-ДПМНЕ за многу ниска цена и за кое што има судски спор. Притоа Герасимовски и забележа на Котлар дека на телевизија и со флаери…
Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи информира дека и в сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во вториот круг, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти. Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање…
Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Куманово на дебата на 21 ТВ истакна дека СДСМ ќе победи затоа што граѓаните го препознаваат најдоброто за нив, очекуваат реализирање на нереализираните проекти, како и нови проекти. Toj потенцираше дека сака да зборува за нови инвестиции, дека СДСМ и коалиција ќе победат на 31ви октомври. Илиевски му порача на противкандидатот Димитриевски дека граѓаните даваат и одземаат мандат. „Вработените во општината земаат боледување да бегаат од вашите притисоци, не правите театар од кампањата, ги покривате неисполнувањето на ветувањата од 2017, ниту еден единствен проект немате исполнето, сите направени проекти се проекти од…
Андреј Жерновски, поранешниот градоначалник на општина Центар му даде поддршка на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата. Жерновски во видеото кое го сподели на социјалната мрежа Фејсбук кажува дека ќе гласа за Горан Герасимовски затоа што сака отворена и демократска општина. “Јас ќе гласам за Горан, затоа што ќе гласам за отворена и демократска општина. Од другата страна ги имаме оние коишто нарачуваа шамари за мене, насилство врз советниците, коишто носеа гласачи од Пустец, оние коишто тепаа студенти истите оние коишто во 03:00 по полноќ сечеа дрва и носеа урбанистички планови за нивни потреби“, рече Жерновски. Тоа…
САД го издадоа првиот пасош кој содржи категорија Х односно родово неутрална категорија за оние кои не сакаат да се изјаснат дали се машко или женско, соопшти Стејт департментот. – Како што беше објавено во јуни, Стејт департментот ја воведува Х категоријата за небинарни, интерсексуални и родово неусогласени лица кои аплицираат за американски пасош, вели портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Оваа можност ќе се нуди редовно од почетокот на 2022 до кога се очекува да бидат направени промените во системот и ажурирањата на формуларите. Прајс нагласува дека ова ја покажува посветеноста на Стејт департментот за промовирање на слободата, достоинството и еднаквоста на сите луѓе, вклучување и на…
Организаторите на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг најавија дека ќе ги дисквалификуваат спортистите и ќе ги им ги одземаат акредитациите во случај да ги прекршат мерките за борба против Ковид-19. Ова го соопшти заменик-градоначалникот на Пекинг, заменик-шеф на Организацискиот одбор на Игрите-2022 Џан Џиандун. – Со Меѓународниот олимписки комитет разговараме за некои детали. Неуспехот да се почитуваат анти-епидемиолошките мерки наведени во прирачникот може да доведе до спречување, привремено или трајно одземање на акредитација или дисквалификација на учесник на Игрите, суспензија од учество на натпревари, лишување од соодветни квалификации и други прилично сериозни последици, соопшти Џиандун. Олимписките игри во…
Немате смелост и знаење пред битолчани да кажете конкретни рокови за проекти иако со фамилијата сте дваесет години во политиката, му порача кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски. Тој кажа дека битолчани имаат штета токму од неговото владеење заедно со Владимир Талески и Зоран Коњановски. На прашањето кое ветување од противкандидатот би го спровел, Кондовски одговори: -Неговата програма е апсурдна, нема проекти, но паркот во Нова Битола е добра идеја, но треба да кажат локација и буџет. Ако од идеја преминат на проект, тоа можам да го реализирам, кажа Кондовски. Тој нагласи…
Бугарската лична карта на Данела Арсовска сепак е валидна, покажа проверката на сајтот Плусинфо на бугарското МВР кое спроведе барање за валидност на личниот документ под број 646948927. Станува збор за бројот од личната карта на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, издадена наводно од Република Бугарија, чија фотографија денеска ја презентираше СДСМ. Барањето покажа дека личниот документ под наведениот број, сепак, е валиден. Претходно, бугарскиот портал „24 часа“ објави дека податоците на Данела Арсовска не фигурираат во системот, односно дека името и презимето на кандидатката за градоначалник на Скопје се разликува со една буква од Даниела Арсовска и…
Голем пожар во бараките позади хотелот “Томче Софка” во Градскиот парк, во кој своевремено беа стационира судските одделенија за сообраќајните прекшоци. Според информациите од терен, огнената стихија се ширела брзо, а штотуку пристигнаа екипите на противпожарна и брза помош.
Доколку за месец и половина граѓаните не се корегираат во своето однесување и сериозно не пристапат кон почитување на мерките од надлежните институции, во февруари не очекува нов бран на Ковид-19, предупредуваат македонските епидемиолози. Според нив дневните бројки на новозаразени со коронавирус во Македонија од пред десетина дена повторно почнаа благо да растат, а се намалува и интересот за вакцинација. – Не сум оптимист со оглед на тоа како сите колективно се однесуваме. Не носат маски, не сакаат да се вакцинираат, а повторно проблем се собиранките на младите во затворените кафулиња и ресторани. Што ако повозрасните лица седат дома, кога…
Гласањето во првиот изборен круг на локалните избори 2021 на избирачкото место 0543 во Дебар, за избор на членови на Советот на општината и за избор на градоначалник на Дебар и на избирачкото место 2957/1 во Шуто Оризари, за членови на Совет на општината Шуто Оризари и за Совет на Град Скопје, ќе се повтори. Повтореното гласање ќе се одржи на 31 октомври 2021 година. Оваа одлука едногласно беше донесена на денешната 34-та седница на Државната изборна комисија (ДИК). Претседателот на ДИК Александар Даштевски потсети дека Управниот суд усвои две тужби, за изборното место 0543 во Општина Дебар и во…