Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
https://www.youtube.com/watch?v=607ZFudNxkg
Во тетовското јавно обвинителство денеска пристигнал извештајот од МВР, односно од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од увидот што беше направен на местото на пожарот на Модуларната болница во Тетово во којшто изгореа 14 пациенти кои се лекуваа од корона. Воедно се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки. Извештајот од МВР и извештајот што треба да го направат германските експерти кои исто така извршија увид на местото на пожарот треба да ги дадат одговорите за причините како избувнал пожарот и како цела болница изгоре за неколку минути.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ја прими претседателката на Европскиот економски и социјален комитет Криста Швенг, која вчера и денеска е во нашата земја по повод Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан. Премиерот Заев уште еднаш ја поздрави организацијата на форумот кој се одржува како подготвителен настан за Самитот на ЕУ за Западен Балкан кој на 6 октомври во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави и влади на земјите членки и на земјите од регионот, и ја нагласи важноста на централната тема на форумот „Зајакнување на пристапниот процес – Кредибилна перспектива на ЕУ за…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини,…
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го отвори јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година, кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Јавниот повик, како што информираат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе биде отворен до 1 ноември 2021 година. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во следните…
Бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од 0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. -Министертството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Природно-математичкиот факултет на УКИМ. Додаде дека МОН е дневно во комуникација со Комисијата за заразни болести и со Министетството за…
Со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров и со претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ вечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворен јубилејниот, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот. Во овој нов термин, од денеска до наредниот петок има 13 претстави на македонските професионални театри. Според уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџивасилева театарската уметност трпи поради пандемијата, но не може да ја запре уметноста на сцената. –…
Агендата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во Стразбур беше заокружена со средба со германскиот пратеник од редовите на политичката партија СПД, Јосип Јуратовиќ, на маргините на Парламентарното собрание на Советот на Европа. На средбата беше разговарано за европската перспектива на Северна Македонија и регионот како заедничка стратешка цел, за што е потребно да се преземат одлучни чекори за надминување на непринципиелните барања и да се обнови кредибилитетот на политиката на проширување. Димитров: „Периодот што претстои е одлучувачки за иднината на процесот на европска интеграција на регионот – Европската Унија е на тест дали ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот вебинар на тема: „Подобрување на соработката меѓу парламентите и новинарите за поголема отчетност и транспарентност“, на кој присуствуваа и претставник од Советот на Европа, како и претставници на ЗНМ и на меѓународни организации, говореше за соработката меѓу законодавниот дом и новинарите и како таа да се подобри. – Овој вебинар го гледам на некој начин и како продолжение на дискусијата по јулската работна средба што ја имавме со вас почитувани новинари за координација на медиумските политики и реформи и верувам дека ова е јасен индикатор за мојата достапност и волја за соработка, секако и на колегите пратеници и на…
Форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој очекува тие да бидат објавени час поскоро. – Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…., рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на новите деловни простории на „Пивара“ Скопје. Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември…
На крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај место викано „Венец“ биле пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. – Вчера во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено беше дека се пронајдени споменатите експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, гранатите и бомбата се безбедно подигнати за понатамошна постапка, додаде Димоски. Минатата недела, исто така, во близина на Дебарско Езеро биле откриени седум рачни бомби од Втората светска војна кои од соодветните надлежни…
Судењето за случајот ,,Плацови на Водно” денеска продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството. При презентацијата обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети. Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев во овој случај, приговараше на изведувањето како доказ на договор за пренос на удел меѓу фирмите „Сиран“ и „Орка“. – Доказите се прибавени на незаконит начин. Овој доказ не може да се третира од причина што недостасува потпис, печат и штембил на другата договорна страна, истакна одбраната на обвинетиот Јордан Камчев. По изведување на материјални…