Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

0
By Ivana on October 1, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 1, 2021 13:33

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров и со претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ вечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворен јубилејниот, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот. Во овој нов термин, од денеска до наредниот петок има 13 претстави на македонските професионални театри.

Според уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџивасилева театарската уметност трпи поради пандемијата, но не може да ја запре уметноста на сцената.

– 55 години одржување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е бројка за почит. Секогаш почнувал во првиот петок од јуни, но поради пандемијата, не само што една година „прескокнавме“, лани беше невозможно да се замисли да се одржува Фестивалот со актери на сцената и со публика во салите, туку се промени терминот. Бидејќи се создадоа можности, но со сите протоколи, сега од 1 до 8 октомври го одржуваме јобилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.  Иако формата на Фестивалот не е како што планиравме, достојна за еден голем јубилеј, сепак за почит е и фасцинантно е што имаме 13 претстави на театрите од земјава, рече на денешната прес-конференција Коцевска Хаџивасилева.

Нагласи дека протоколите мора да ги почитуваме: на претставите ќе има 30 отсто публика, со доказ за сертификат за вакцинација.

-Имаме, сепак обемна програма, барем по две претстави на ден. Подготвени сме доколку се случуваат промени поради ковид-ситуацијата. Веќе пред еден ден мораше да извршиме промена на претстава од еден театар поради актер, позитивен на Ковид. Се надеваме дека нема да има големи измени, рече Коцевска Хаџивасилева.

Театарската уметност е погодена од пандемијата зашто се игра „во живо“, пред публика и на сцената, но театарската уметност ќе го преживее и оваа премрежје.

– Иако немаме премиери во „редовен обем“, но сепак има. Нѐ погоди оваа ситуација. Сега заживува во театрите, се прават претстави. Потребата да играш и да си на сцената, постои. Можеби оваа ситуација нѐ забави, но не нѐ запре. Театарот ќе опстои како и овие 2.000 години, вели Коцевска Хаџивасилева.

Вечер пригодно и свечено ќе им бидат доделени наградите за животно дело на добитниците, а потоа е и првата претстава во конкуренцијата за награди: претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

Се очекува фестивалот да го отвори министерката за култура Ирена Стефоска. Во својата програма освен 13-те претстави, Фестивалот нуди и промоции и трибина на тема „Театарот во Ковид-19, проблеми и решенија“.

Жирито кое ќе ги оценува претставите и ќе ги додели најпрестижните награди на крајот на фестивалот, 8 октомври, е во состав: Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија.

Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври со претставата во чест на наградените „Драмски за Конески“ во породукција на Драмски театар од Скопје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.