Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Граѓаните на Република Северна Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи. Министерот додаде дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се…
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија успешно заврши. Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, соопшти вечерва директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски. Во дијаспората, истакна Симовски, се самопопишале 204.805 македоински државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји. Според него, занемарувачка е бројката на оние што одбиле да се попишат, но деновиве ќе биде собрана и точно ќе се знае. Сепак, може да се изрази во промили, не во проценти. За нив, како што рече Симовски, има искази кај попишувачите и ќе бидат покренати постапки. Резултатите од…
https://www.youtube.com/watch?v=mwYZsEBeB48
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ денеска ја претстави во Чешиново, Облешево, Виница, Зрновци, Кочани. Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе 4 години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница. Мицкоски посочи дека по 17 октомври Заев го чека голем пораз, а по тоа следи нова влада и одговорност за стореното во изминатите 4 години. – Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал…
Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021. Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска. Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите. Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година. Пописот 2021 се…
Бројките од пописот детално ќе бидат соопштени вечерва од страна на Државниот завод за статистика. Јас сум задоволен што успеавме да ја реализираме оваа операција и покрај сите проблеми со кои се соочивме. Бројката на попишани граѓани е околу 1,9 милиони, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Маричиќ во гостувањето на „Само интервју“ појасни дека податоците за граѓаните се земаат од седум бази, што претставуваат појдовна основа за теренскиот попис. Во однос на непопишаните граѓани, тој очекува ДЗС вечерва да ја соопшти бројката на граѓаните кои не се попишани. – Честитки до Заводот за статистика, бидејќи направија максимални напори повеќе пати да…
Солун, Лариса, Халкидики и Килкис од утре преминуваат во црвената зона и се воведува полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во седум грчки региони, јави дописничката на МИА од Атина. Поради влошената епидемиолошка состојба, четирите региони од северна Грција, веќе се во црвената категорија, а рестрикциите стапуваат во сила утре наутро и ќе важат до следниот петок. Рестриктивните мерки се продолжени и во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија,…
Деведесет и шестгодишната Ирмгард Фурнер, која денеска требаше да се појави во Суд, под обвинение за помагање во убиството на заробеници во нацистички концентрационен логор, беше уапсена во Хамбург, откако не се јави на рочиштето. Откако утрово со такси го напуштила домот за стари лица каде живее, полицијата ја уапси за време на патрола во северниот дел на градот. „Полицијата ја изведе обвинетата пред судија“, соопшти Судот во Ицехо, во близина на Хамбург. На Фурнер требаше да и се суди пред провинцискиот суд во Ицехо за учество во убиството на 11.000 заробеници во логорот Штутхоф во близина на Гдањск за…
Ден откако српските медиуми го најавија како многу веројатно, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска и официјално го откажа настапот на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс. – Жалам што нема да можам да настапам и да ги видам своите навивачи во Индијан Велс, моето омилено место. Се надевам дека ќе се видиме догодина, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил. Повеќе српски медиуми вчера го навестија ваквиот епилог, наведувајќи дека Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, и од сè уште непознати причини, не тренира. По официјалната објава од Ѓоковиќ, се огласи и Томи Хас, поранешниот успешен тенисер, а денес директор на турнирот во Индијан Велс. – Разочарани…
Министерството за информатичко општество и администрација изготви Предлог-закон за административни службеници, со кој се предвидува административните службеници да имаат скратено работно време во петок. Според предложеното законско решение, кое од 17 септември е на увид на јавноста на ЕНЕР, државните службеници ќе работат 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено. Во извештајот за проценка на влијанието на регулативата не е објаснето зошто се носи ваква измена на законот во врска со работното време. Со предложениот закон, се менува и оценувањето…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Криста Швенг, претседател на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК. На средбата, Османи изрази задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување, инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент. Османи и Швенг разменија мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Северна Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар –…