Author: Ivana

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против 35-годишна скопјанка која се товари за шест кривични дела „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. – Обвинетата, на 3 септември, на автобуска станица кај пазарот во населбата Ченто, се качила во автобус заедно со една жена на која и отстапила место да седне. Во разговор со оштетената обвинетата дознала дека се упатила кон билетарница на ЈСП за да ја надополи картичката за превоз и за да ја стекне нејзината доверба се понудила да и помогне. Заедно се…

Read More

Талибанците денеска предупредија на последици доколку САД не ги прекинат летовите на своите беспилотни летала во воздушниот простор на Авганистан. „Со операциите со беспилотни летала над Авганистан, САД ги прекршија сите меѓународни правила, закони и обврски што ги преземаа кон талибанците во преговорите во главниот град на Катар, Доха“, се наведува во нивното соопштение на Твитер, пренесено од британските медиуми. Талибанските власти ги повикаа сите земји, особено САД, да го третираат Авганистан во рамките на меѓународното право, законите и обврските со цел да спречат какви било негативни последици. Американските власти досега не излегоа со коментар на предупредувањето.

Read More

Ние како влади, работиме и соработуваме, подготвени да ги слушнеме потребите на граѓаните, припадниците на бизнис секторот и коморите и водени од таа цел, заедно со лидерите на Република Србија и Република Албанија преземаме чекори и иницијативи за олеснување на нашата соработка, за надминување на бариерите и проблемите со цел создавање  еден заеднички пазар и унапредување на економската  соработка, рече премиерот Заев поздравувајќи ги денешните учесници на лидерскиот панел, каде учествуваше заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ,  претседателот на Собранието на Автономната покраина Војводина Иштван Пастор, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка…

Read More

Денеска го одбележуваме Светскиот ден на срцето. На овој ден, кога светот сè уште се бори со пандемијата предизвикана од Ковид-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. – Кардиоваскуларните болести се една од причините за најголем број смртни случаи во светот. Глобално, вкупно 530 милиони луѓе живеат со кардиоваскуларна болест и токму тие беа меѓу најпогодените од пандемијата, како најподложни за развивање тешка форма на болеста предизвикана од вирусната инфекција. Поради страв од заразување, многу од пациентите се плашеа да се…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави денеска во Приштина дека е загрижена поради ситуацијата во северниот дел на Косово и дека единствено решение е дијалогот во Брисел. По средбата со косовскиот премиер Албин Курти, таа истакна дека тоа е од витално значење за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. – Поважно е да се постигне напредок на европскиот пат и од витално значење е да се нормализираат односите меѓу Косово и Србија, додаде претседателката на Европската комисија. Таа изрази голема загриженост поради актуелната криза. – Важно е ситуацијата да не ескалира и да се вратиме на…

Read More

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вчера беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа, до крајот на оваа година Северна Македонија да ги почне преговорите за членство, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција. Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во утрински брифинг рече дека „пораката од Брисел не е добра“, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен,…

Read More

Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, до повеќето куќи нема пристап за противпожарно или амбулантно возило. Ова се само дел од проблемите на жителите во скопската општина Шуто Оризари, а на кои ќе се ориентира програмата на кандатката за градоначалничка на градот Ана Петровска од Зелен хуман град. – Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето т.н. фантоми, но и образование и преквалификација за вработување. Достоинствен живот може да се…

Read More

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација на меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата „Бехтел“ Шон Кени. На состанокот на кој присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и…

Read More

На вчерашната владина седница не се разговараше за продолжување на пописот. Последниот збор околу продолжувањето ќе го има Државниот завод за статистика, рече денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Тој на прес-конференцијата во одговор на новинарско прашање посочи дека сите капацитети се насочени кон тоа да биде завршена операцијата во законскиот рок, односно до утре вечер. Како што рече, во моментов се прават финални проверки за евентуално пропуштени граѓани, и веќе се затвораат пописните кругови во Скопје. -Последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика, информациите од таму се дека на неполни два дена до завршувањето на теренското попишување…

Read More

Kонтинуираната комуникација со граѓаните носи конкретни решенија за предизвиците во општина Центар. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата вели дека општината ќе биде отворена за сите предлози, иницијативи и барања од граѓаните затоа што тие се вистинските креатори на развојните политики во општината. – Комуникацијата со граѓаните е исклучително важна за спроведување на вистинските политики на секоја локална самоуправа. Оттука лично се залагам Општина Центар да биде отворена за секоја потреба на граѓаните. Мојот план е воведување на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со една цел, брза и ефикасна размена…

Read More

Обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, е еден од клучни проекти на независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. На денешната прес конференција, Арсовска продолжи со детално претставување на проекти од нејзината програма. Со 250 нови еколошки автобуси Арсовска планира да го реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот. -Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да ги решаваме. Мора да имаме брзи и сигурни проекти што ќе…

Read More

Тројца скопјани добија кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ откако измамиле неколку граѓани при купување на возила кои не ги плаќале. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднеле кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје. Според пријавите, Н.И. на 13 април 2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д“ за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и…

Read More