Author: Ivana

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. – На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција – амфетамин. Освен ова, полициските службеници пронашле и одзеле и 5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога, се вели во соопштението…

Read More

Најпознатата македонска алпинистка, Илина Арсова која ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, деновиве се искачи на  еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка, врвот Arista Santa Barbara, 5.790 метри. Во ексклузивната изјава за Нова ТВ директно од Еквадор, Арсова вели дека оригиналната идеја за главното искачување беше еден врв во Перу, но поради големиот избор, таа останала таму. – Во Еквадор сум скоро дваесетина дена, каде дојдов заради алпинистички тренинг и искачување на вулканите во регионот. Оригиналната идеја за главното искачување беше еден врв во Перу, но изборот беше огромен и овде па затоа останав во…

Read More

Со години наназад нашите држави развиваат одлични билатерални односи и успешна соработка водена од принципите на меѓусебна поддршка и почитување. Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион и токму затоа даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово, воден од ЕУ и ќе поддржиме решение, кое е прифатливо за двете страни, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти, по заедничката меѓувладина седница. Косовскиот премиер Албин Курти, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово и дека…

Read More

Заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Косово Албин Курти. https://www.youtube.com/watch?v=6xWae8hZglE

Read More

Високата косовска делегација предводена од премиерот Албин Курти, пристигна во Скопје. Пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти. Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји. Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите и на неа, според најавите, ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и договори за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој. Во завршницата на овој настан, премиерите Заев и Курти во 13:30 часот ќе одржат прес-конференција.…

Read More

На иницијатива на еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес, заедно со министрите од регионот надлежни за европското порфолио, учествуваше на состанок за размена на мислења и подготовка во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан. На состанокот беа дискутирани клучните теми од агендата на Самитот и очекуваните резултати, вклучително и економската поддршка од ЕУ за регионот и градењето на регионален внатрешен пазар, состојбата со КОВИД-19 и процесот на вакцинација, зелената агенда, како и напорите за намалување на роаминг трошоците меѓу регионот и ЕУ. Вицепремиерот Димитров истакна дека Самитот мора…

Read More

Модуларните болници се безбедни и градени согласно  стандардите. Тие се истиот тип како и насекаде во светот. Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека проверките во модукарните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект. – Трагедијата не погоди сите, ќе ја паметиме цел живот, изгубивме животи. Да сочекаме, да ги видиме форензичките извештаи за да превенираме во иднина, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата приватна инвестиција во Општина Сарај. Во однос на оставките…

Read More

По прозивката од претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите. – Мицкоски да дојде, премеир да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста…

Read More

Денес, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ. – Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград, го цитира Калиниќ „Спорт клуб“. Ивковиќ работеше со клубови од Србија, Грција, Русија и Турција, а исто така ја водеше репрезентацијата на Југославија од 1988 до 1995 година. Заедно со репрезентацијата, трипати го освои Европското првенство и еднаш го освои Светското првенство. Има освоено два трофеја во елитната Евролига.

Read More

Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „One cable“ за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“. Како што истакна Заев, се работи за инвестиција од три милиони евра која моментно вработува 30 висококвалификувани кадри. „One cable“, истакна Заев, инвестира во современо производство на кабли за домашниот пазар, но и за извоз, а своите производи веќе ги пласираат во неколку земји. -Продолжуваме со посветена работа и добри…

Read More

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите Бесими и Бектеши и градоначалниците Шилегов и Беџети денеска се во посетат на производствена фабрика од индустриска дејност „One cable“. Се работи за современа инвестиција вредна 3 милиони евра во индустриската зона „Сарај“, за производство на бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија.

Read More

Народниот правобранител и годинава добива поплаки за начинот на одвивање на наставата на почетокот на учебната година. Годинава почна подобро, донесени се протоколи за спроведување на наставата да биде безбедна, но тешко е да се реализираат тие протоколи. Едно е на хартија, друго е во практика, изјави заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа за Утрински Брифинг. Како главни поплаки што ги добиваат ги издвои долготрајното носење маски, одржувањето хигиена и неможноста да се контролираат децата да внимаваат на протоколите. Учениците, како што додава, се деконцентрирани бидејќи часовите траат предолго за да можат за сето време да ги носат маските. – Тоа…

Read More