Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсова: Дојдов заради еден врв во Перу, но изборот беше огромен па затоа останав во Еквадор

0
By Ivana on September 17, 2021 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 14:53

Најпознатата македонска алпинистка, Илина Арсова која ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, деновиве се искачи на  еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка, врвот Arista Santa Barbara, 5.790 метри.

Ruco Picinca 4784m
Ruco Picinca 4784m

Во ексклузивната изјава за Нова ТВ директно од Еквадор, Арсова вели дека оригиналната идеја за главното искачување беше еден врв во Перу, но поради големиот избор, таа останала таму.

Ilinitza sur 5263m
Ilinitza sur 5263m

– Во Еквадор сум скоро дваесетина дена, каде дојдов заради алпинистички тренинг и искачување на вулканите во регионот. Оригиналната идеја за главното искачување беше еден врв во Перу, но изборот беше огромен и овде па затоа останав во Еквадор, вели Арсова.

Cotopaxi 5897m
Cotopaxi 5897m

Таа до сега со нејзините пријатели искачилс пет технички врвови со алпинистички пристап.

– Пичинча, јужниот врв на Илиница, Котопакси, кој ни послужи за аклиматизација пред најтешкото искачување завчера на врвовите Санта Барбара и Кајамбе преку алпинистичката насока на гребенот Санта Барбара. Значи за разлика од претходно, овојпат не ги одбиравме класичните патеки кои водат до врвот но различни линии со различна тежина што бара поинаков пристап и спремност, додава Арсова.

Cayambe 5790m
Cayambe 5790m

За разлика од другите планини каде до сeга најчесто планинарела, Арсова вели дека овде никаде нема поставено фиксни јажиња и се оди исклучиво во алпски стил.

Santa Barbara
Santa Barbara

– Еквадор го засакав уште во 2018 година кога престојував и волонтирав, а се претставив и со една изложба. Тогаш искачив неколку врвови во Перу, како и највисокиот вулкан во Еквадор, Чимборацо кој го искачив сосема сама, вели Арсова.

Инаку, Илина Арсова е првата Македонка и една од 60-те жени во светот која ги искачи највисоките седум врвови на сите седум континенти. За комплетирање на подвигот, таа кон крајот на 2019 година се искачи на врвот Винсон, кој со своите 4.892 метри е највисок врв на Антарктик.

Со надморската височина од 4.892 метри, Винсон е значително понизок од повеќето врвови на листата, но важи за најизолиран и најстуден.

Покрај Винсон, предизвикот „Седум врвови“ ги опфаќа и Монт Еверест (Азија, 8.848 метри), Аконкагва (Јужна Америка, 6.961 метар), Денали (Северна Америка, 6.194 метри), Килиманџаро (Африка, 5.895 метри), Елбрус (Европа, 5,642 метри) и Пунчак Џаја (Австралоазија, 4.884 метри). Според статистиките, повеќе од 400 луѓе биле на сите овие врвови.

Респектирачките алпинистички зафати по која е позната Илина влијаат и врз нејзината сликарска дејност.

Таа дипломира на ФЛУ во 2005 година, а ликовната уметност е нејзината првична професија. Има реализирано петнаесетина самостојни и уште многу групни изложби ширум светот: во САД, Канада, Еквадор (Ј. Америка), Сао Томе и Принцип (Африка), Малезија, Турција, Кина, Шведска, Германија и уште многу низ нашите краишта.

Идеен реализатор и креативен продуцент е на краткометражниот серијал „Ова е нејзината приказна“ во режија на Игор Христов, каде беа овековечени приказните на неколку балкански хероини од авантуристичките спортови.

Изложбата WHITE беше приказ на новосоздадени дела по инспиративниот престој на Антарктикот и комплетирање на мисијата „7 врвови на 7 континенти“ од првата Македонка и една меѓу 60 жени на светот.

Во нејзините храбри зафати беше и „Дневникот на моите височини“ , како што ги наслови своите алпинистички белешки, ликовни и запишани.

 

алпинистка Еквадор Илина Арсова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.