Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот поддржан од министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас. На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден. Излагање свое преку видеа со презентирање на моделите и инспирација од одредени декади имале сегашни и дипломирани студенти при ТМФ и гардероберот на КУД Илинден кој говорел за градските и селските носии…
Предлог одлука за разрешување на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче поради трагедијата во модуларната болница во Тетово денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Оваа предлог одлука ја поднесуваме поради непрофесионално, неадекватно и ненавремено справување со пандемијата од Ковид 19, ненавремено набавување вакцини, недостиг на кадар, нехумани услови. Ова разрешување наместо да биде оставка од морални причини поради трагичниот настак кој се случи во модуларната болница во Тетово, ќе биде разрешување по барање на народот, севели во предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ. Имено пратеникот Антонијо Милошоски на вчерашната пресконференција изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…
Од вкупно 240 илјади ученици кои се со физичко присуство во моментов во државата, активни случаи на ковид од почетокот на учебната година се 0,2 проценти. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. Министерката посочи дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство. -Сите ние сме сведоци на континуирана трансмисија во целиот конктекст во кој што ние живееме во општетсвото. Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите…
Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и без никакви проблеми. Одбивањата се незначителни и се уште не применуваме никакви санкции, туку најпрво се разговара и се надеваме дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме да се попишат, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во однос на постоењето на негативна кампања против попишувањето, Симовски рече дека негативната кампања ја имало и ја има цело време и дека не престанува, но добро е што луѓето не наседнуваат. – Сведоци бевме и вчера на изјави на…
Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање ги имаше со делегација од францускиот Сенат. Средбата е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република. Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на…
Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница. Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да…
Заклучно со вчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина. Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември, информира на денешната прес-конфернеција владиниот портпарол Душко Арсовски. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, нагласи дека Пописот 2021 се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и проблеми. – Вчера, попишавме точно 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови. Ова се навистина прекрасни…
Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. https://www.youtube.com/watch?v=xByn2rELLC4
Годишниот политички дијалог, кој се одржа онлајн, под покровителство на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), ги собра министрите за јавна администрација од регионот заедно со највисоките претставници на Европската комисија за Западен Балкан, заеднички да ги анализираат постигнатите резултати, како и предизвиците на регионот поврзани со реформските процеси, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Во својот говор, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири рече дека реформата на државната администрација и дигитализацијата се главните приоритети на Владата и МИОА за овој мандат. – Целта на овој ИПА проект е оптимизирање на целокупната институционална рамка, подобрување на…
За Владата на Северна Македонија официјален е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со Европската Унија. Сметаме дека тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни. Ова е наведено во одговор на Владата на прашањето на МИА дали во оптек е нов нон-пејпер за решавање на спорот меѓу двете земји, кој денеска го објави телевизија Клан без да наведе конкретен извор, а за кој наводно се запознати и Скопје и Софија, но и поважните земји-членки на Унијата. -Република Северна Македонија останува посветена во процесот, со цел надминување на разликите со Република Бугарија, со што и би се отстраниле…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со делегација од Групата за пријателство Франција-Западен Балкан во Францускиот Сенат, предводена од претседателката на Групата, сенаторката, Марта де Сидрак. Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери го поздравил нагорниот тренд на развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, кои се традиционално добри и пријателски и се одвиваат со несмален интензитет речиси три децении. -Конструктивната соработка особено е видлива во доменот на европската интеграција на земјава, која добива нова димензија согласно француската Стратегија за европска интеграција на Западен Балкан. Тој ги запозна гостите со актуелната работа…
Работниците во земјава намногу го користат анонимното пријавување на прекршување на нивните права и речиси 62 отсто од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права биле анономни. Најголем дел од пријавите биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци и придонеси од плата, покажуваат податоците од апликацијата ССМ – мои работнички права. – Од податоците може да се види дека најголем број пријави или 61 процент биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата, 18 отсто во врска со нарушено право на годишен одмор и право…