Author: Ivana

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во Модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. Покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. За таа цел испратени се истражители од Основното јавно обвинителство во Тетово до надлежното министерство, заради подигнување на целокупната документација која ќе биде предмет на разгледување и анализа. Петтемина обвинители поднесоа барање за пружање помош…

Read More

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран. -Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме…

Read More

Заменик министерот за здравство Илир Хасани се врати на работа, на Клиниката за трауматологија. Денеска тој на својот фејсбук профил објави фотографија од неговото претходно работно место, хирург и информира дека им се враќа на своите работни обврски, како лекар специјалист по општа хирургија со субспецијалност трауматологија. „Back to work!“ напиша Хасани под фотографијата. Хасани два дена откако изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 луѓе, поднесе оставка од функцијата, заменик на министерот Венко Филипче. Оставката, како што напиша Хасани ја поднел од морални причини.

Read More

Северна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот која што прави енергетска транзиција на една термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици, беше посочено денеска на почетокот на дводневниот МЕФ Енергетски форум кој по четврти пат е одржува во Скопје Премиерот Зоран Заев во поздравното обраќањето на отворањето на форумот истакна дека Македонскиот енергетски форум од иницијатива за зајакнување на дијалогот за теми поврзани со енергетиката со Соединетите Американски Држави прерасна во значаен собир на креаторите на енергетски политики во регионот. – Верувам дека од годинашниот форум…

Read More

Тешко ни е на сите, загубата е огромна, а на семејствата кои ги изгубија своите најблиски во трагедијата во ковид-болницата во Тетово им е најтешко, изјави премиерот Зоран Заев по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021. Тој кажа дека загубата е огромна, но и дека не мисли дека целата Влада треба да си поднесе оставка. Посочи дека ќе ги почека резултатите од експертските анализи и вештачења во врска со причините за пожарот на модуларната болница во Тетово пред да донесе одлука дали ќе ги прифати оставките од првите луѓе во Министерството за здравство и менаџментот на тетовската болница. – За…

Read More

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.  -Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција. Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информираа дека имаат…

Read More

Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Национален демократски институт. Како што информираше Борис Кондарко, член на ДИК на денешната јавна седница, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии. – Кандидатите во сите општински изборни комисии ќе го потпишат овој кодекс, што ќе…

Read More

Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на КБ Тетово, каде на голема жалост имаше и човечки загуби. – Ја информираме јавноста и истражните органи дека стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата, велат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите…

Read More

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на Ковид…

Read More

Талибанците ја одложија церемонијата на инаугурација на привремената влада во Авганистан, објави денеска еден од членовите на Одборот за култура, Инамулах Самангани. Според него, церемонијата била откажана пред неколку дена. Како што напиша на Твитер, раководството на Исламскиот емират на Авганистан, како што талибанците ја нарекоа земјата, објави дел од членовите на кабинетот кои веќе започнале со работа, пренесува агенцијата ТАСС. Самангани ги демантираше информациите дека инаугурацијата била закажана за 11 септември, нарекувајќи ги гласини. Талибанците претходно го објавија составот на новата влада со премиер Мулах Мохамед Хасан Акунд, а негов заменик е Мулах Абдул Кани Барадар.

Read More

Професори, доктори, стопанственици, но и нови имиња, се меѓу новите осум кандидати за градоначалници што ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, огромно мнозинство граѓани се определило за поддршка на нови и некомпромитирани имиња. -ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Се водевме од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните, соопшти партијата. За Општина Аеродром е предложен Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Карпош Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог, за Општина…

Read More

Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега, информираат денеска од Државниот завод за статистика Напредуваа, посочуваат од ДЗС, дека активностите за надминување на помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. – Ова се должи на техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои…

Read More