Author: Ivana

Најмалку 14 жртви однесе пожарот што избувна синоќа околу 21 часот во модуларната болница во Тетово. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари со седум возила. Надлежните најавија детална истрага за утврдување на причините на пожарот, а за денеска е закажана и вонредна седница на Владата. – Во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на…

Read More

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб. Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да…

Read More

До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk  се поднесени вкупно 73 барања. На 14 септември истекува рокот до…

Read More

Причина за тешката сообраќајна несреќа во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот е претекнување на полна линија, наведуваат од ОЈО Гостивар. Заради ваквиот соменж, за лицето кое го управуавло мерцедсот е побаран притвор. Во соопштение, се наведува дека Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Според ОЈО Гостивар, на 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4,…

Read More

Првата годишна конференција на Министерството за финансии денеска попладне се заокружи со осврт на изнесените идеи, согледувања, пораки во шесте панели одржани вчера и денеска во Скопје.  – Конкретните резултати од оваа конференција се пораките да бидат дел од креирањето на политиките. Оваа иницијатива не е брзо да сработиме нешто, туку имаме шанса сите заедно и успешно да стигнеме далеку и не еден или друг, туку сите да ги собереме резултатите, порача на затворањето на Конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими. Конференцијата која се организираше првпат од Минстерството за финансии на тема „Економско закрепнувње и раст по Ковид“ во рамки…

Read More

Талибанците денеска го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и сојузниците, јави Би-Би-Си. – Исламскиот емират одлучи да назначи и објави службен кабинет за извршување на потребните владини работи, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на прес -конференција во Кабул. Муџахид соопшти за 33 членови на „новата исламска влада“ и додаде дека преостанатите места ќе бидат објавени по внимателна анализа. Новиот премиер Хасан Акунд ја предводеше талибанската влада во последните неколку години од нивното владеење во Авганистан. Еден од двајцата вицепремиери ќе биде Абдул…

Read More

По повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември – Денот на независноста, во среда во 17 часот пред Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи централна манифестација.  Сценариото за настанот може да го најдете ТУКА. Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. „За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат…

Read More

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, по повод 8 Септември, Денот на независноста, упати честитка до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. – Во име на американскиот народ, го честитам денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат. Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти…

Read More

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ, утрово беше направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, објави на својот фејбук профил, Министерот за здравство, Венко Филипче. – Тимот на д-р Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска. Поради незараснување на скршеницата кај пацентката, денеска на тоа место и беше трансплантирано коскено ткиво од починат донор, напиша Филипче. Според него, ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. – Пред два месеци беше трансплантирана коска кај млада пациентка која…

Read More

ОБСЕ/ОДИХР денеска ја започна својата набљудувачка мисија за локалните избори закажани на 17 октомври, во специфични услови поради пандемијата со Ковид -19. Првпат на овие избори ќе се примени вчитување на отпечатоци од прсти, за што како што информираа од Мисијата за МИА, тие веќе прегледале неколку од овие терминали на средба во Државната изборната комисија. Шефот на мисијата, Тана де Зулуета на прес-конференција иформираше дека Мисијата се состои од основен тим од 13 стручни лица со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во земјата од 15 септември. ОДИХР планира и да побара од земјите-учеснички…

Read More

Одговорни за законито и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година, додава, било практично во тоа време пописот да се одложи и да се реализира сега, во септември. -Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како…

Read More