Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ ја заокружи Првата годишна конферeнција-пораките ќе бидат прeточени при креирање на политиките и приоритетите

0
By Ivana on September 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 18:00

Првата годишна конференција на Министерството за финансии денеска попладне се заокружи со осврт на изнесените идеи, согледувања, пораки во шесте панели одржани вчера и денеска во Скопје. 

– Конкретните резултати од оваа конференција се пораките да бидат дел од креирањето на политиките. Оваа иницијатива не е брзо да сработиме нешто, туку имаме шанса сите заедно и успешно да стигнеме далеку и не еден или друг, туку сите да ги собереме резултатите, порача на затворањето на Конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Конференцијата која се организираше првпат од Минстерството за финансии на тема „Економско закрепнувње и раст по Ковид“ во рамки на „Економскиот и финансиски форум“ ќе стане традиција која ќе се одржува еднаш годишно, а пораката од Конференцијата таа да биде на пролет.

Во двата дена високи гости дебатираа на тема „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, „Добро владеење и социјална кохезија“, „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“,„Паметен и зелен раст на економијата“ и „Човечки капитал и инклузивен раст“.

Конференцијата, вчера, официјално ја отворија со обраќања премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, а вториот ден воведни обраќања имаа претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

– Денес сме тука да кажеме дека ковидот нема да нѐ победи. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против коронавирусот и денес тука ќе зборуваме за опоравување и не само за тоа, туку и за повеќе од опоравување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на Конференцијата.

Тој потенцира дека учиме од минатото, да делуваме во сегашноста, а се подготвуваме и за иднината. -За годинава проектиравме раст од 4,1 процент и просечен годишен раст од 5,4 проценти за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино опоравување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна Бесими.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање, оцени дека националната економија е стабилна и ќе расте, упатувајќи на последните статисчки податоци за раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто, според кои може да се каже дека кризата и официјално одминува, а економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe.

Потенцира дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата и ги посочи Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 кој ги опфаќа сите инвестиции предвидени да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори.

– Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како што се вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап итн. Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање забрзан раст“. Основна цел на Планот е да го финансира закрепнувањето на економијата од ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, рече премиерот.

годишна конференција Министерство за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.