Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Порака до македонскиот народ, масовно да излезе и да се попише, проверката следи со фингерпринтот за кој се изборивме

0
By Ivana on September 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 22:18

Одговорни за законито и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година, додава, било практично во тоа време пописот да се одложи и да се реализира сега, во септември.

-Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски во интервјуто во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.

Тој упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што рече „граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво, а со тоа да му ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ“.

-Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски. 

Тој во интервјуто се осврна и на кандидирањето на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје, и притоа истакна дека таа е личност која има импозантни достигнувања, а ако на нив се додаде нејзиниот план и визија за Скопје, како што нагласува, не зачудува нејзиниот потенцијал на анкетите.

-Во рамките на анкетите меревме и потенцијал, а потенцијалот кај г-ѓата Данела Арсовска беше прилично голем и тоа ќе се види уште на 17 октомври, нејзиниот личен потенцијал и нејзината биографија се навистина импозантни, Сојузот на стопански комори со кои таа менаџира е дел од една светска поголема структура од стопански комори, повеќе од 12.700, таа е дел од Управниот одбор, што е сериозно признание за човек пред се кој доаѓа од Македонија. Таа исто така е еден од обучувачите на земјите од Г20, станува збор за едно импозантно лично портфолио, појасни Мицкоски. 

ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.