Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Градењето на јавната доверба е многу тежок процес кој лесно се руши. Дејствијата се поважни од зборовите. Мора да се видат практични резултати. Така со време и постепено ќе се зголеми довербата кај граѓаните. Тоа не е нешто што не се реализира за шест месеци или две години, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на последниот панел за добро управување и општествена кохезија што попладнево се одржа во рамки на Меѓународниот економско-финансиски форум во Скопје. Според Гир, добро е што властите во земјата покажуваат посветеност за зајакнување на независноста на судството, борбата против корупцијата и се залагаат за создавање на инклузивно и…
Некогашниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави дека повторно се одлучил да се кандидира за прв човек на оваа општина – Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори, напиша Јакимовски на својот профил на Фејсбук. Противкандидат на Јакимовски од СДСМ ќе биде директорот на скопски Водовод Душко Весковски, а ВМРО-ДПМНЕ уште не го објавил нивниот кандидат. Јакимовски чека судење за обвинението од август 2018, каде е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дека како градоначалник дозволил објектот на Општина Карпош каде што…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи присуствуваше на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, во Ватикан што првпат е во заедничка организација на МНР и Светата Столица. Османи ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“ -Денеска, кога ја празнуваме оваа светица, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан, е дел од исполнувањето на заветот. Мајка Тереза е и Нобеловка и светица – може ли да се постигне повеќе во еден кус човечки век?! A секогаш ќе остане Мајка на сиромашните, страдалниците и безнадежните. За многумина, таа беше единствената…
Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1. Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од: Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7,…
Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел Во коментар за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија. -Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани, изјави Писонеро за МИА. Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна…
За само 12 часа попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, објави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук. – Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да придонесат за доброто на државата, пишува Маричиќ.
Македонската фудбаска репрезентација испушти голема шанса со победа да се врати од вечерашното гостување во Исланд, дозволивајќи им на домаќините со два гола во завршните 12 минути да се изборат за нерешен резултат од 2:2 во квалификациите за пласман на Мундојалот 2022 во Кагар Македонскиот состав, кој доминираше цели 70. минути во Рејкјавик, дојде во водство во 12 минута преку Дарко Велковски, а асистентот при водечкиот гол Езѓан Алиоски зголеми на 2-0 во 54 минута. Исланд преку Кари Арнасон во 64 минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд, но офанзивата на домаќините, сепак, вроди со плод шест минути подоцна…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на својот фејсбук профил вечерва објави информации во врска со приведениот дипломат – За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат. Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 година, кога со МНР раководи друг министер. Неговото барање за продолжување на мандатот е одбиено од моја страна, вели Димитров. Во 2019 година, пишува Димитров, во МНР се добиени првите индиции дека ќе се води истрага за постапки на односните вработени, меѓу кои и за овој дипломат. Но,…
Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 235, Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по 9, Крива Паланка и Струга – по 7, Радовиш – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Богданци – 3, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 368 оздравени пациенти од: Скопје – 136, Гостивар…
По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија ќе се одржат низа културни настани преку кои ќе се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост, соопштија од Кабинетот на претседателот. Како што наведуваат оттаму, одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на претседателот, насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уменичките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации. На 7 септември 2021…
Шаќири рече дека како граѓанин се чувствува изневерен од тоа што се случува во Скопје и повика граѓаните да се приклучат на движењето „Одлучно за промени“, бидејќи на градот, како што рече, му требаат нормален градоначалник и нормален прв човек на Советот Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП. Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски. – Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред…
Почнувајќи од 3 септември, кризната состојба предизвикана од пожарите е завршена. Во моментов е активен пожарот на планината Галичица, а утрово е регистриран и еден пожар во Арачиново, со што не постои можност за продолжување на кризната состојба, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција Пожарот на Галичица започна пред една недела од албанската страна. Ангелов вели дека постојат сомненија, оти е започнат од овчари за да се подобри квалитетот на пасиштето. – Пред помалку од една недела, пожарот се приближи до нашата граница. На 30 август извршивме хеликоптерско извидување со претставници од Главниот штаб за управување со…