Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Градењето на јавната доверба е тежок процес, не е еднократна заложба

0
By Ivana on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 21:28

Градењето на јавната доверба е многу тежок процес кој лесно се руши. Дејствијата се поважни од зборовите. Мора да се видат практични резултати. Така со време и постепено ќе се зголеми довербата кај граѓаните. Тоа не е нешто што не се реализира за шест месеци или две години, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на последниот панел за добро управување и општествена кохезија што попладнево се одржа во рамки на Меѓународниот економско-финансиски форум во Скопје.

Според Гир, добро е што властите во земјата покажуваат посветеност за зајакнување на независноста на судството, борбата против корупцијата и се залагаат за создавање на инклузивно и стабилно општество.

– Ова не е едноставна и еднократна заложба, се работи за постојана заложба, подвлече Гир.

Создавањето на општество во кое нема простор за корупција, според вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, е инвестиција за идните генерации и за државата воопшто. Верува дека започнатиот процес на искоренување на корупцијата со елиминирање на човечкиот фактор во постапките, со интероперабилноста и укинувањето на привилегиите на надлежните ќе ги даде посакуваните ефекти.

– Одговорноста и примената на законот се клучни цели кон кои сме насочени. За над 1340 институции од јули 2022 година ќе ги скратиме постапките и ќе докажеме дека можеме да го елиминираме човечкиот фактор. Само ако го елиминираме човечкиот фактор, може да зборуваме за искоренување на корупцијата, рече Николовски.

Посочи дека пристапот околу транспаретноста на институциите се менува и изрази надеж дека никогаш повеќе нема во државата да има затворени и изолирани институции.

– Имаме огромен фронт на дејствување, но ни треба и широка политичка поддршка за да постигнеме резултати и да дојдеме до уште подлабински структурни реформи, рече Николовски.

Транспарентноста на институциите на локално и централно ниво е клучот за успешното менаџирање на која било криза вклучително и на пандемијата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој на панел дискусијата посочи дека само со целосна транспаретност, граѓаните ќе ја препознаат посветеноста кон демократското владеење.

– Јавноста и граѓаните имаат право секогаш и за се да бидат информирани, а ние секогаш да обезбедиме ажурирани, транспаренти и сигурни информации, истакна Спасовски.

Според министерот за правда Бојан Маричиќ, само независно и непристрасно судство може да биде гарант за демократија и владеење на правото.

– Како Влада и како Министерство за правда покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институции. Работиме на остварување на целите кои ги имаме поставено пред нас и полека, но сигурно, веќе резултатите се гледаат, рече Маричиќ на панел дискусијата.

Дигитализацијата која постепено се воведува во праводуството, смета дека ќе ја зголеми транспареноста и отвореноста на судовите и ќе овозможи  полесен и поедноставен пристап на граѓаните до правдата. 

гир маричиќ Николовски Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.