Author: Ivana

Жените ќе доминираат во новиот состав на Владата на Албанија откако Премиерот Еди Рама го соопшти новиот состав на неговиот тим, во кој на 12 од 16-те министерски позиции се назначени жени Истовремено и Претседателката на Собранието исто така ќе биде жена. Линдита Никола ќе го замени Грамоз Ручи. Олта Џачка ќе раководи со надворешните работи, Делина Ибраими со финансиите, Белинда Балуку со инфраструктурата, Елвис Куши со здравството а Елва Маргарити со културата. Огерта Манастирлиу со образованието, Фрида Крифча ќе го води секторот во земјоделието, а Мирела Кумбаро за туризам. Четирите министерства без ресор ќе бидат целосно исполнети со жени:…

Read More

Бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 14.998 од кои најголем број 6025 се во Скопје, а 1913 се во Тетово. Во Гостивар има 1107 активни ковид случаи, во Куманово 946 случаи, Струмица – 690, Кичево- 612, Струга – 582, Охрид-510, Прилеп-280, Дебар – 239 Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 722 нови случаи со Ковид-19, 26 починати и 574 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.175.766 тестирање на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројот на оздравени пациенти е 157.868, а на починати е…

Read More

По 20 години во државата се спроведува попис на население и објекти. Првпат освен прибирање на податоци директно од населението на терен, ќе се користат и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата Ова го забрзува целиот процес, што значи дека до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 треба да бидат објавени податоците – кои ќе бидат од интерес и важност за речиси секоја сфера од живеењето и работењето во државата. Ќе добиеме точна бројка колку…

Read More

Најмалку 50.000 евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас. Мајоркас рече дека приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност“ на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт. Повеќе од 40.000 Авганистанци веќе ги поминаа безбедносните проверки и пристигнаа во САД. Се уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои…

Read More

 Актуелниот пратеник и потпретседател на политичката партија „Движење Беса“ ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели да биде кандидат за претстојните избори. Тој во обраќањето по изборот најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати. – Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за тие предизвиците. Но, без сомнение, на…

Read More

Државната изборна комисија денеска ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната дополнителна опрема. -Двестоте терминали кои се прва пратка од Германија стигнаа денеска. Тие ќе ни послужат за обука во следните месец и пол дена. Ќе треба да се обучат избирачките одбори. Прво ќе треба да се обучат обучувачи на тие избирачки одбори и поради тоа…

Read More

Холандија од утре ја става Северна Македонија како земја со висок ризик. Патниците од Северна Македонија кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена. Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа. Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и…

Read More

Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на вработеност е за по 0,2 повисока во споредба со првото тримесечје од годинава, додека стапката на невработеност е помала за 0,1.

Read More

Постапките за фабриката за производство на енергија од отпад што треба да се гради во Неготино се во тек. Се чекаат одговорите од надлежните институции. Се работи на правно-формални аспекти Штом тоа биде завршено, Владата ќе донесе одлука за усвојување на проектот по што ќе биде уплатена банкарската гаранција од 10 милиони евра. По завршувањето на овие постапки, оди во Собрание, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот истакна дека станува збор за комплетно еколошки проект кој веќе се применува во Германија, Австрија и Словенија. – Се работи за комплетно еколошки затворен проект…

Read More

Тоа што се случува во Авганистан, но и сите други геополитички поместувања покажуваат дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план Исправна е одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, бидејќи сме членка на НАТО и е важно во исцртување на нашата меѓународна позиција. Сепак, постои можност за појава на нелегална миграција и опасност од криумчарење, па контролата ќе мора значително да се зголеми. Ова беше заклучокот од денешната тематска дискусија која министерот за надворешни работи Бујар Османи ја водеше заедно со членовите на Стратешкиот совет на МНР, а е поврзана со случувањата…

Read More

Реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата, место каде може да се најде „сé на едно место“, беше истакнато на денешниот настан по повод отворањето на новата инвестиција во износ од 250 милиони денари на Скопски пазар АД – Скопје Премиерот Зоран Заев во своето воведно обраќање истакна дека Владата ги поддржува капиталните инвестиции, кои имаат трајна вредност и ги подобруваат условите за работа на граѓаните. „Упатувам честитки за современиот изглед на традиционалниот Бит-пазар, позициониран на стратешка локација со излез на најфреквентниот пат кој ги поврзува Општина Чаир со Општина Центар. Владата создава услови за развој и подобрување…

Read More