Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за излез од државата време на чекање околу 1 час На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница…
Албанскиот премиер Еди Рама најави задолжителна вакцинација на студентите, професорите и сите вработени на универзитетите, со цел да се спречи „ескалација на ситуацијата со Ковид-19“, јави дописничката на МИА од Тирана – Да не кажете после дека не ви реков, нема сакам не сакам. Велам не постои „сакам, не сакам“ за сите оние кои сакаат да бидат со другите, треба сите да знаат дека одговорност е ако некој не сака да се вакцинира го загрозува животот на другиот. Невозможно е да си дозволиме да имаме непотребна ескалација на бројките и потоа да одиме на мерки што никогаш не треба да…
Поминаа роковите за забелешки и увид на Предлог-законот за постапување со бесправно изградените објекти. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека е завршен рокот за постапката за овој закон, кој беше прикачен на ener.gov.mk -Имаа можност сите граѓани, сите засегнати институции, невладини организации да ги дадат своите дополнителни забелешки на овој закон. Ние, во текот на наредните денови во Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаме сите забелешки темелно и веднаш потоа ќе го доставиме законот до Влада, каде што ќе се дискутира дополнително, а веднаш потоа од Влада ќе биде доставен и до Собранието, изјави Бочварски во…
Издавањето на новите лични карти се одвива нормално и досега се издадени 13.000 од овие лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – Издавањето тече нормално, испечатени се повеќе од 13 илјади досега, се работи, така што ние очекуваме најмногу две недели да трае целиот процес на печатење на оние коишто практично чекаа на одобрување и на печатење, меѓутоа, секако доколку успееме да го забрзаме тој процес и тоа ќе го направиме. Ние сме во постојан ангажман на вработените и според новиот начин на работа, така што ќе направиме се што е можно побрзо да ги добијат и…
Протоколите за лекување на лицата со Ковид-19 се донесени уште минатата година, а ревидирани се во март годинава, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на лекарите дека нема протокол за овој бран на Ковид-19 -Тоа сето е согласно сите препораки за лекување на овие пациенти. Тоа е протокол кој важи на територија на цела држава, во сите болници. Во сите болници ја има целата терапија, скапиот лек „Ремесвир“ кој што го набавивме уште за време на претходниот бран е насекаде дистрибуиран и во сите ковид центри го има. Што значи дека протоколот…
Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид за Њујорк тајмс изјави дека повторно ќе биде забранета музика во Авганистан – Музиката во исламот е забранета, но се надеваме дека ќе можеме да ги убедиме луѓето да не прават такви работи, наместо да вршиме притисок врз нив, истакна Муџахид. Тој истакна и дека нема причина за загриженост дека талибанците повторно ќе ги затворат жените во домовите. Муџахид посочи дека на жените во иднина ќе им биде дозволено да се вратат на работа се додека носат хиџаб, додека ако патуваат повеќе дена ќе мора да имаат машка придружба. – Сакаме да изградиме иднина и…
Вакцинацијата е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче при посетата на пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски кој од рано утрото започна со работа – Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство. Потенцира дека лицата кои имаат медицински оправдани…
Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево се уште се преполни со пациенти со Ковид-19, изјави Министерот за здравство Венко Филипче Тој денеска посочи дека се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што се уште има места во болницата во Козле, каде што ротира тима на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози. -Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во…
Шефот на дипломатијата на Грција Никос Дендиас кон крајот на месецот доаѓа во посета на Северена Македонија, при што ќе се направи и евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, а ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на нашата евроинтеграција, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи – Сметам дека е важна посета, повратна после мојата во Атина и зборува за интензитетот на комуникацијата на високо ниво што е одраз на добрите билатерални односи меѓу нашите држави коишто се и повеќе од само имплементирање на Преспански договор, бидејќи Преспанскиот договор предвиде создавање на стратешко партнерство меѓу…
Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје покренува иницијатива со која се бара да се стави под заштита на државата името и делото на Мајка Тереза со што сметаат ќе и се даде заслуженото место на нејзиното наследство во нашата колективна меморија Директорот на Институтот Скендер Асани на денешната Свечена академија организирана од оваа институција по повод 111 години од раѓањето на Мајка Тереза истакна дека причините за оваа иницијатива подготвена во форма на елаборат насловен „Нашата светица под заштита на државата“ се многу, но издвои две од нив. -Кога личноста е прогласена за светица односот…
Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година, информираат од Државната изборна комисија. – Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, се наведува во соопштението од ДИК. До Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 14 барања.
Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно да се продлабочи регионалното заедништво, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната церемонија на предавање на претседателството со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Европа и на одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG На настанот што се одржа во Куманово, а на кој присуствуваат високи претставници од Бугарија, Албанија, Грција, Романија и Турција, министерката Шекеринска порача дека процесот на министерска соработка е одличен форум за регионален дијалог и безбедносна соработка и модел за градење на добри односи меѓу соседите. Таа им се…