Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Изјава на министерот за здравство Венко Филипче пред A1 СЦ „Борис Трајковски“.
Силно се надевам дека дијалогот со новата бугарска Влада ќе се продолжи што е можно поскоро, изјави постојаниот известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и ко-претседавач со партијата АЛДЕ, Илхан Ќучук, по одржаните состаноци на високо ниво за време на неговата работна посета на Република Северна Македонија Фокусот на разговорите меѓу двете земји беше обновување на довербата и добрососедските односи со Република Бугарија и процесот на европска интеграција на земјата, јави канцеларијата на бугарскиот европратеник. – Двете страни се посветени на заедничките напори и изнаоѓање заеднички јазик, бидејќи сегашните губитници се граѓаните на Република Бугарија и Република Република…
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава -Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“. Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и…
Педагошката служба и преговарачкиот тим на Министерството за образование и наука оваа година успеаја по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намалат вкупната цена за набавка на учебниците кои согласно актуелното законско решение кое ја регулира оваа област се одобрени да се применуваат во училиштата во државата, а за кои МОН не ги поседува авторските права, туку се сопственост на издавачки куќи и автори Тоа е од голема важност бидејќи секоја заштеда значи реалокација на средства за реализација на некоја друга инвестиција, на пример за подобрување на образовната инфраструктура. Ова го истакна директорката на Педагошката служба во…
Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин. Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата
Под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19 и без дел од традиционалните содржини денеска во Струга почнува јубилејното 60. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата Официјалното отворање ќе биде вечер на летната тераса во хотел „Дрим“, а претходно на летната сцена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе биде отворена изложба „60 години Струшки вечери на поезијата“. Годинава ќе изостане традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот, поради неможноста да присуствува добитничката на Златен Венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Според најавите на Фестивалот, лауреатот, ќе има видео обраќање…
Подготвителните активности за Пописот на населението, домаќинствата и становите се целосно завршени и Државниот завод за статистика информира дека е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција, што по речиси 20 години е предвидено да се спроведе во земјава од 5 до 30 септември годинава Додека директорот на ДЗС, Апостол Симовски, вчера увери дека целосно ќе се почитуваат донесените строги здравствени протоколи и дека нема да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во државата, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ со оглед на зголемениот број новозаразени најдобро решение е да се направи електронски попис. Ваквиот предлог, Симовски категорично го…
САД евакуираа најмалку 4.500 американски државјани и членови на нивните семејства од Авганистан од средината на август, изјави вчера државниот секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека Вашингтон остварил контакт со уште околу 1.000 преостанати граѓани Блинкен на прес-конференција истакна дека нема краен рок во обидот да им се помогне на луѓето кои сакаат да го напуштат Авганистан, и Американци и останати граѓани, и дека тие напори ќе продолжат „онолку колку што е потребно“. Тој нагласи дека „кога САД започнаа со евакуација, во Авганистан имало дури 6.000 американски државјани кои сакаа да заминат, а останати се уште илјада“. – На останатите речиси…
Посвежо особено во северните делови, ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.
На денешен ден пред 111 години е родена Мајка Тереза (Агнеса Гонџа Бојаџиу). Родена е 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката…
На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е денеска и утре (26 и 27 август 2021). Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021. Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои…
Училиштата се подготвени за започнување на новата учебна година од 1 септември по новата Концепција и според потребните здравствени протоколи, беше заклучено на координативниот состанок на Министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на основните училишта – Како што веќе сте запознати, во тек е дистрибуцијата на новите учебници за прво одделение до училиштата, пишувани според новата наставна програма. Навреме ќе бидат достапни и дигиталните материјали за учење за четврто одделение кои ќе бидат само уште една алатка повеќе во успешното совладување на материјалот. Првпат имаме и навремена испорака на учебниците за останатите одделенија кои ги побараа училиштата согласно…